Украинскиот пратеник Раде Никита Потурајев јавно изјави дека му е жал затоа што Украина не може да фрли на Русија атомска бомба. Тој тоа го изјави во телевизиската програма „Укринформ“.
На презентација на новиот украински телевизиски канал за Донбас и Крим, украинскиот пратеник изнесе свои видувања за тоа дека Москва води радиоелектронска борба против изветувањето на Киев.
„Сеуште немаме атомска бомба да ѝ фрлиме на Москва, а тоа е најефикасен начин да го решиме овој проблем еднаш засекогаш“, изјавил Потурајев.
Ова не е првпат украински политичар да излета со една ваква апсурдна антируска изјава. Минатата година пред изборите за претседател на Украина, претседателскиот кандидат Ина Богославска предложила дека односите со Русија се изградуваат со помош на графитни бомби.
Таа тогаш изјавила дека производството на таквата мунија е дел од нејзините идни стратегии, според Москва. За руските политичари таквите закани се апсурдни.
Текстот Украински пратеник ѝ се закани на Русија со атомска бомба е превземен од Reporter.mk.