Венецуела се движи кон хиперинфлација од 1.000.000 проценти

Според зборовите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Венецуела се соочува со една од најлошите хиперинфлациски кризи во модерната историја. Државата е жртва на економска војна која ја води САД.

Се очекува економијата на оваа земја се намали за 18% оваа година, поради падот на производството на нафта. Трета година по ред со двоцифрен пад и три бода полошо од проектираната вредност во мај.

„Предвидуваме зголемена инфлација од 1.000.000 посто до крајот на 2018 година, за да сигнализираме дека ситуацијата во Венецуела е слична на онаа во Германија од 1923 година. Или пак на онаа во Зимбабве на крајот од 2000 година“, изјавил Алејандро Вернер, шефот на Одделението за западна хемисфера на ММФ.

Исто така тој укажа на „економското пореметување“, вклучувајќи го и печатењето на пари со кое се финансира владата.

„Очекуваме владата да продолжи со ширење на фискалните дефицити кои во целост се финансираат со експанзија на базните пари кои и понатаму ќе поттикнуваат и ќе ја забрзуваат инфлацијата, затоа што потрагата по пари и понатаму паѓа“, изјавил Вернер.

Денес еден милион Венецуелска Боливар вреди повеќе од 8 долари.

Според зборовите на Вернер, фактот дека десетици илјади граѓани на Венецуела побегнале од земјата за да ја избегнат кризата, влијае на соседната економија.

Податоците на „ОПЕК“ укажуваат дека венецуелското производство на нафта паднало на ново 30 годишно најниско ниво од 1,5 милиони барели дневно во јуни и покрај тоа што земјата има најголеми залихи на сурова нафта во светот. Венецуела остварува 96% од приходите со продажбата на нафтата.

Претседателот Николас Мадуро изјавил дека земјата е жртва на економска војна, која ја води САД.

Во февруари покрената е таканаречена дигитална валута под името „Петро“ чија подлога се нафтата во Венецуела и другите природни ресурси на земјата.

Виртуелната валута е покрената експлицитно поради заобиколувањето на американските санкции против државната нафтена компанија „ПДВСА“.

Мадуро исто така најави уште една виртуелна валута „петро оро“, чија подлога ќе бидат племенитите метали во земјата.

 

 

 

Текстот Венецуела се движи кон хиперинфлација од 1.000.000 проценти е превземен од Reporter.mk.