Аиртон Сена загина во несреќа на трка во Формула 1, пред 24 години, на 1 мај 1994 година. Многумина тврдат дека тој ја претчуствувал смртта, а своите тврдења ги темелат на последните снимки од Бразилецот, на кои повеќекратниот шампион се жали на неговиот болид.
Последниот ден од месец април, во 1994 година, повеќекратниот светски шампион Аиртон Сена, си неверојатен интерес ја следи борбата за стартната позиција на трката во Италијанската Имола, која треба да се одржи следниот ден. Трката требало да биде почеток на промените за него. Сена никогаш немал полош старт во една сезона.
Откако премина од тимот на „Мекларен“ во „Вилијамс“, Сена се жалел на болидот уште од првиот ден.
„Не се чувствувам удобно во болидот. Немам доверба во карактеристиките на овој болид. Тоа ми создава напнатост и стрес пред возењето“, коментирал Сена за новиот болид на почетокот на 1994 година, а тоа го повторувал од трка во трка.
Незадоволството од болидот ќе се почувствува и на табелата со бодови, каде Сена, по две трки немал освоено ниту еден бод. Тој не успеал да заврши на ниту една од трките.
Сена еден месец пред стартот на сезоната, имал лошо претчуство. Сепак, големиот шампион тргнал против судбината. За него немало предавање. Туку само полн гас, ако е потребно и со глава низ ѕидот ќе поминел.
Аиртон Сена да Силва е роден во 1960 година во богато семејство во Сао Паоло во Бразил. Уште како дете покажал големи атлетски способности, а желбата за автомобилизам ја покажал уште во својата четврта година. На 17 години, го освоил пехарот во Јужноамериканскиот картинг шампионат.
Во раните осумдесети години се преселил во Ангија каде почнал да развива своја професионална кариера. Неговата репутација на вешт и безстрашен возач го довела до тоа, да во 1984 година почне да вози за Формула 1 тимот „Толеман“.
„Толеман била мала екипа во Формула 1, далеку послаба од надобрите тимови. Но, во една трка во Монте Карло, во 1984 година, почнало да врне дожд. Сена тогаш почнал да ги престигнува сите еден по еден, за да на крајот го престигне и лидерот на трката. Сена тогаш го добил надимакот „Дождовен човек“.
Од тој ден, на асфалтот сите му се обраќале со „Вие“. По петгодишното големо ривалство со Ален Прост во „Мекларен Хонда“, Сена во 1994 година преминува во „Вилијамс“. На почетокот на сезоната Сена имал многу лошо претчуство. Бил вознемирен поради новите правила во „Формула 1“.
Повеќе били забранети електронски помагала за возачите на болидот, пред се контролата на траките и системот Fly by wire. Тогаш Сена ја изговорил реченицата која по само месец дена, на сите им ја замрзнала крвта во жилите.
„Ова ќе биде сезона со многу несреќи. Ќе ризикувам да кажам дека ќе имаме среќа ако не се случи нешто посериозно“, изјавил тогаш Сена.
Само еден месец подоцна, се случи трагедијата. На 1. мај 1994 година, пред 24 години, загина легендарниот Бразилец Аиртон Сена. Третата трка во таа сезона се случи во Имола, трка која за Бразилецот требало да биде пресвртница во шампионатот.
Сена одработи добар тренинг и со механичарите на „Вилијамс“ го подготви болидот за трката. Тој бил задоволен од своите претходни постигнати времиња. Влегол во боксот, а погледот му бил на малиот монитор на кој се прикажуваат возачите кои сеуште се на патеката.
„По ѓаволите“, споменал Сена гледајќи на малиот заоблен телевизор. Дали Бразилецот опцул или кажал нешто друго, тешко е да се забележи. Но, голем дел од американските филмови, тоа го протолкувале како пцовка. Тие сметале дека тоа претставува допар опис за тоа што се случувало на патеката.
За време на квалификациите, возачот на тимот „Симтек“, Роланд Раценбергер, се удрил во ѕид, а болидот целосно му се распаднал на парчиња. Во моментите додека Сена ја гледан снимката од несреќата на Роланд, Австралијанецот бил на пат за болница. Првите прогнози за него не биле добри.
Смртта на Раценбергер
Несреќата на Раценбергер била само продолжение на лошиот викенд за Сена. Ден претходно, во петокот, малиот миленик на Сена, талентираниот возач на „Јордан“, Рубенс Баричело, за време на тренингот исто така излетал од патеката и завршил во болница.
Сена тоа го слушнал преку радио. Истиот час, Сена излегол од болидот и не ги испочитувал забраните за посета на Баричело. Тој ја прескокнал оградата на болницата и влегол во собата на својот сонародник.
Длабоко во себе, по втората несреќа во само два дена, Сена бил целосно скршен. Несреќите го потсетиле на тоа со каков опасен спорт се занимава, а потоа следувало нов шок. Неговиот добар пријател и неврохирург, Сид Ваткинс, ќе го извести за смртта на Раценбергер.
Ќе му објасни дека лекарите направиле сè за да го спасат, но неговите повреди биле преголеми и претешки и не можело ништо да се направи. Разбирајќи го во каква ситуација се наоѓа, Ваткинс ќе се обиде да го наговори Сена да се повлече од трката. Не сам на Имола, туку воопшто на шампионатот.
Ваткинс сакал да го земе Сена со себе и заедно да заминат на риболов. Сена го одбил, затоа што трките биле неговиот живот. По разговорот со Сид, Сена се вратил во гаражата каде почнал да плаче. Механичарите збунети не знаеле дали е способен да ја вози утрешната трка. Сепак преку ноќта, Сена успеал некако да се смири.
Во неделата утрото, неколку часа пред почетокот на трката, Сена го извозел својот пробен круг. Потоа, на изненадување на многумина, половина час седел со својот долгогодишен лут ривал Алан Прост, молејќи се да му помогне во лобирањето за подобри безбедносни услови во Формула 1.
Пост му ја понудил својата помош, велејќи му дека пред трката за Големата награда на Монако, ќе седнат и сериозно ќе разговараат. Исто вакво барање Сена побарал и на редовниот состанок на сите возачи пред самата трка. Ники Лауда тогаш, веќе легенда во овој спорт, предложил Сена да биде тој ќе кој ќа води борбата за безбедноста на возачите.
Црни облаци над Имола
Главниот настан на тој долг викенд почнал. Сена се сместил во болидот на првото место кое го обезбеди на тренингот и го чекаше знакот за почеток. Веднаш по првиот круг, се случи несреќа. Излетаа Педро Лами и Лехто. По проверката на патеката, на Сена од боксот му беше јавено дека трката продолжува под нормални услови.
Во седмиот круг, легендарниот британски коментатор Мареј Вокер, прокоментира дека и Сена им се приклучил на Педро Лами и Лехто. Никој не знаеше што се случува во тој момент со Сена. Тоа беше една од оние несреќи кои се случиле повеќе или помалку во секоја трка во Формула 1.
Изгледал безживотно
Неговиот пријател и доктор Сид Воткинс, истиот тој кој го убедувал да ја остави Формула 1, сведочел дека кога го видел по несреќата, Сена изгледал безживотно.
„Му ја подигнав капата и му ги прегледав зениците. Утврдив дека претрпел огромна повреда на мозокот. Го извлековме од кокпитот и го легнавме на земја. Откако го легнавме мислам дека го издиша последниот здив. Почувствував дека во тој момент душата го напушти“, изјавил Воткинс.
Аиртон Сена умре во таа несреќа, оставајќи го светот во шок. Подоцна се утврдило дека несреќата настанала како резултат на голем број несреќни околности. Ако ударот се случел пет сантиметри на страна, веројатно Сена би поминал со полесни повреди и веднаш би станал. Неговиот болид можеби во тој случај би претрпел големи штети.
Господарот на Монако, дождовниот човек, човекот кој до тој момент имал освоени најмногу трки во историјата (65 први стартни позиции од 161 трка) тој викенд го зави целиот свет во црно. Сена загина на 34 годишна возраст.
За Бразилецот се направени неколку документарци. За неговиот приватен живот се знае многу малку. Сена бил обожаван од неговите сонародници. Познат е по неговиот шармерски однос кон жените, како и неговото духовно доживување на Господ.
Но, она што е важно да се нагласи е дка неговата смрт сепак не беше залудна. Тоа што Сена го започна тој викенд во Имола, молејќи го Прост да му помогне да се изборат за подобри услови за возачите, што поради честа кон загинатите колеги, што од потребата за идните возачи, го продолжија други.
Безбедноста на возачите стана главна преокупација за водството на Формула 1 од таа несреќа па понатаму. По Сена, ниту еден возач досега не загинал во една Формула 1 трка.
Годините кои подоцна ќе следат ќе се издигнат нови возачи. Еден од нив е Михаел Шумахер, кој со иронија на судбината и самиот се бори за живот по тешката несреќа која ја доживеа за време на скијање. Тој ќе ги собори сите рекорди на Сена. Сепак никој нема досега покажано таква харизма каква што го красеше Сена.
Никој во Формула 1 не видел ниту приближен ривалитет ниту фанатизам, кој, како на така и надвор од патеката, со години го покажуваа Прост и Сена. Документарецот за Сена од 2010 година, покажува дека никој не говорел со толкав жар за спортот, како што Сена говорел за Формула 1.
По неговата смрт, неговата сестра Вивиен, ја отворила фондацијата „Аиртон Сена“, која до ден денес помага во школувањето на преку десет милиони деца во Бразил.
Текстот (Видео) Аиртон Сена ја претчуствувал смртта е превземен од Reporter.mk.