Американскиот научник Боб Лазар тврди дека постои Областа 51, каде научници ги проучуваат телата и леталата на вонземјаните. Тој исто така тврди дека покрај Областа 51, во близина постојат низа на воени бази кои се скриени длабоко во планините.
Лазар тврди дека во 1989 година работел во базата за вонземјани во близина на „Областа 51“. Приказните за НЛО сакал да ги објави за една локална ТВ станица во Лас Вегас, но вели дека ако излегол во јавноста со овие информации, можел да заврши трагично. Лазар вели дека добил голем број на закани.
Тој тврди дека владата ги избришала сите информации и документи кои ги поседувал за базата каде работел и дека сега нема докази за постоењето на лабораторијата во Лос Аламос, во Мексико, каде работел на технологијата на вонземјаните.
Тој тврди дека во базата бил ангажиран како физичар. Тоа бил владин проект под кодното име „Галилео“. Таму се проучувала технологијата на вонземјаните.
Лазар вели дека базата во која работел била изградена длабоко во планините. Имало вкупно девет хангари, а вратите биле изградени под агол за да не можат да се препознаат. Биле камуфлирани со природен материјал.
Лазар тврдел дека бил сведок на девет различни вонземјански летала во базата. Неговата задача била да го истражува нивното гориво. Станува збор за хемиски елемент кој на летечките чинии им овозможувало да го искриват просторот околу нив, вели Лазар.
„Со помош на овој хемиски елемент вонземјанските летала можеле да поминат големи далечини, со минимално физичко движење. Јас сум сигурен во ова што го говорам. Знам што вели наука и физиката, но, исто така тврдам дека јас работев со технологија многу понапредна од нашата“, вели Лазар.
Тој објаснува дека научниците се претпоставувале дека вонземјаните пристигнале од ѕвездениот систем Zeta Reticul.
Текстот (Видео) Американски научник тврди дека во САД постојат бази за вонземјани е превземен од Reporter.mk.