Гостувајќи во популарната емисија „Лејт шоу“, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, најави дека светот ќе се соочи повторно со нова пандемија, слична како коронавирусот во 2025 година.
„Според мене светот ќе се соочи со „пандемија 2“. Тоа ќе биде еден вид на терористички напад. Според моите проценки, тоа ќе се случи за пет години“, изјавил Гејтс во интервјуто го кое направиле преку „Скајп“.
Откако почна со повлекувањето од управата на неговата компанија „Мајкрософт“, Бил Гејтс почна да се занимава со хуманитарна работа. Тој во 2000 година ја основаше фондацијата која е посветена на вакцинација на невакцинираните деца во регионите во кои детската парализа се уште не е искоренета.
Гејтс чија фондација е ангажирана за пронаоѓање на вакцината против коронавирусот, се осврна и на актуелната пандемија.
„Поради коронавирусот, вака ќе живееме до лето. Но, до тој период, ќе ни биде потребно чудо. Ефектот на вакцините можеме да ги видиме подоцна. Се плашам дека вистинскиот бенефит ќе го видиме дури за две години, на лето. Никој не добива, сите губиме“, изјавил Гејтс.
Текстот (Видео) Бил Гејтс прогнозира нова пандемија во 2025 година е превземен од Reporter.mk.