Прес-секретарот на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, Ејнџел Урења, соопштил дека тој ништо не знаел за грозните злосторства за кои е обвинет мултимилијардерот Џефри Епстајн.
Џефри Епстајн (66) е регистриран педофил кој за пијатели ги има некои од американската политичка и финансиска елита. Меѓу нив се и Бил Клинтон и актуелниот шеф на Белата куќа Доналд Трамп.
Епстајн бил уапсен во неделата на основа на обвинувањата за трговија со деца. Тој учествувал во продажбата на малолетни лица кои ги нудел за давање на сексуални услуги.
Епстајн сега се соочува со казна затвор од 45 години поради овој злостор. Тој во расправиите на социјалните мрежи наведува дека до казната тешко ќе дојде, поради неговите врски со моќни луѓе. Не станува збор за силни пријателства, туку во тоа дека тој најверојатно обезбедил и има компромитирачки податоци за своите другари.
Епстајн познава голем број на луѓе на високи функции, а компромитирачките податоци за нив може да му помогнат повторно да се спаси од затворска казна. Според зборовите на прес-секретарот Ејнџел, Бил Клинтон четири пати летал со авионот на Епстајн во периодот од 2002 година до 2003 година.
Еднаш летал за Европа, еднаш за Азија и двапати за Африка. Клинтон се дружел со Епстајн, а одеднаш по обвинувањата наводно се немаат слушнато цела деценија.
Clinton Presidential Library is refusing to hand over information on Bill Clinton’s ties to Jeffrey Epstein pic.twitter.com/0hV77bHbmw
— Jack Posobiec (@JackPosobiec) July 8, 2019
Американските медиуми пишуваат дека од претседателската библиотека на Клинтон, одбиле да ги предадат информациите за тоа дружење и се прашуваат зошто не ги даваат ако сопругот на Хилари се чувствува дека е невин.
Во црната книга на Епстајн најдени се меѓу останатото и имињата на Алек Болдвин (актер), Дејвид Блејн (магиончар), Џими Бафет (пејач), Чарли Роуз (новинар и водител), Мајк Волас (спортист), Барбара Волтерс (легенда на американското новинарство), Јехуд Барак (поранешен израелски премиер) Тони Блер (поранешен англиски премиер), Дејвид Коук, Џон Фатфенд (прочуен банкар и инвеститор), Бил Ричардсон (поранешен амбасадор на САД во Обединетите нации), Бил Клинтон, Доналд Трамп и уште многу други.
Во меѓувреме медиумите пишуваат дека обвинителите задоволно ги тријат рацете. Од компјутерот на Епстајн извлекле неколку илјади сексуални имплицитни фотографии од девојчиња кои милијардерот сексуално ги искористувал. Американските портали ги поврзуваат Бил и Хилари Клинтон со ланец на педофилија.
Овој ланец медиумите пишуваат дека водел кон врвот на американските власти, а поради неговото разоткривање убиени се четири значајни личности од американската политика и полиција.
Текстот (Видео) Бил Клинтон ги пере рацете од својот другар педофил Џефри Епстајн е превземен од Reporter.mk.