Босанци биле луѓето кои ги срушиле кулите близначки во САД, а најголемиот терористички напад на 11. септемеври 2001 година бил испланиран во Босна. Ова го тврди Џевад Галијашевиќ, експерт за борба против тероризам и човек чии истражувања ги потврдиле и најмоќните известувачки органиации во светот.
Тој за „Вечерни новости“ открива дека Осама бин Ладен, шеикот Халид Мухамед, Абу Мусаб ал Закави (основачот на Исламската држава) и Мухамед Ата, се дел од терористите чии имиња на потерниците на Интерпол, од највисок приоритет, стои допис дека биле државјани на Босна и Херцеговина.
Сите овие лица станале Босанци од 1994 година, а личните документи, личните карти и пасоши, им ги давале истите луѓе кои во Сараево ги промовирале новите програмски цели на SDA, за голема Босна.
Галијашевиќ тврди дека еден од двајцата денешни лидери на SDA, Шефик Џаферовиќ, на 30 април 1994 година, потпишал документи според кои шеикот Халид Мухамед добива патни документи на Босна и Херцеговина.
Галијашевиќ наведува дека станува збор за личност која била мозокот на нападите на Америка. Тој укажува и дека оперативците на Ал Каеда, среде Босна, недалеку од Маглаја, го подготвувале терористичкиот напад.
„Шеикот Халид Мухамед кој ќе се најде пред Воениот суд во Гвантанама, на 11 јануари 2021 година, бил пријавен на адресата на сараевската општина Стар град (Улица Абдестхан 4), а на 29 ноември 1995 година, неговото живеалиште било регистрирано на во Зеницац (Улица Армија БиХ 13)
Бин Ладен бил заведен како жител во сараевската општина Центар 1996 година, под бројот 10,907, а пријавената адреса на живеење му била Малта број еден. Пасошот му го издал еден од клучните исламистички членови на исламистичката организација во БиХ, Хусо Живаљ. Бин Ладен и неговите највисоки офицери во Босна имале безбедносна куќа до 2001 година. Мухамед Ата, првиот оперативец на групата составена од 19 лица, кои го нападнале Њујорк, акцијата ја планирале о вехабијската заедница во селото Бакотиќ, осум километри од Маглај.
Галијашевиќ посебно го потенцира моментот и името на Бакир Изетбеговиќ, кој на сараевскиот конгрес говорел и за неправедните судења на некогашните команданти на армијата на БиХ. Тој става посебен акцент на случајот со Сакиб Махмулјин.
„Приказната за Махмулјин под чија команда војувале исламистите од одредот „Ел муџахедин“, всушност претставува „параван“, кој требал да го сокрие минатото на Џаферовиќ. Тој во периодот од 1994 година до 1995 година, бил начелник на Службата за јавна безбедност во Зеница, кога во овој град муџахедините имале кампови.
„Тој знаел за сите злосторства кои биле извршени врз Србите“, вели Галијашевиќ.
Документирајќи ги настаните во Зеница од 1994 година, Галијашевиќ наведува дека ДБ во БиХ, прво самостојно, а потоа во акција и со Армиската Федерација, го приметиле злосторничкото делување на муџахедините, како и телефонските контакти кои нивниот штаб ги имал со Бин Ладен и другите лидери на Ал Каеда.
Покажувајќи ги броевите на телефоните на Осама бин Ладен, Абу Хамза, Ал Заркавиј, терористите кои командувале и со одредот „Ел муџахедин“, Галијашевиќ открива дека повеќето од тие броеви биле регистрирани во Англија, а забележаното прислушкување се случило во Зеница.
„Џаферовиќ ништо не превзема ништо кога на територијата на Зеница, муџахедините ги убиваа заробените Срби. Тоа се случи во периодот од 1994 година до 1995 година“, нагласува Галијашевиќ.
Како што наведува тој, кога е во прашање нападот на Ал Каеда над Њујорк, со авионите пилотирале Навас ел Хамзи Халид и Алми Хар Тик, лица кои имале двојно државјанство, саудиско и босанско. Додека терористот, кој како сведок соработник открил како е изведен нападот на 11. септември, исто така има документи дека е Босанец.
„Убиецот Арид Ука, кој е осуден на доживотна затворска казна поради убиството на двајца американски војници на аеродромот во Франкфурт, исто така бил свет работник во БиХ. Халид Мусад кој пред две години со автомобил предизвикал сообраќјни несреќи и згазил неколку лица, во Лондон војувал во одредот „Ел муџахедин“, додека осомничените за терористичкиот напад извршен во метрото во истиот град, се криеле во најголемата џамија во Сараево“, тврди Галијашевиќ.
Текстот (Видео) Босанци ги срушиле кулите близначки, тврди експертот Џевад Галијашевиќ е превземен од Reporter.mk.