(Видео) Човекот кој го откри „Титаник“, во мисија да го најде и мистериозно исчезнатиот авион на Амелија Ерхарт

Пред 34 години Роберт Балард го открие најголемиот брод направен во минатиот век „Титаник“. Сега истражувачот на морските длабочини планира да го пронајде авион со кој летала на пат околу светот Амелија Ерхарт.

Американската пионерка на авијацијата полетала на 2. јули 1937 година со нејзиниот колега навигатор Фред Нунан, на пат околу светот со авионот „локхид електра“. Тоа требало да биде нивен последен лет.

Ерхарт била првата жена пилот која самата го прелетала Атлантикот, поради што е одликувана со орден за посебни заслуги во воздухопловството.

Таа била и првата која самата прелетала од Хаваи во САД. Мисијата на летот околу светот започнала на 13. март 1937 година, но за жал никогаш не ја завршила. Таа заедно со нејзиниот колега биле прогласени за исчезнати.

Никој не ги пронашол остатоците од авионот и никогаш не се открија причините за несреќата. Оваа загатка ќе се обиде сега да ја реши Балард. Океонографот најави дека на 7. август ќе трне од Самое кон атолот Никумароро, остров во Кирибати, во југозападниот дел на Пацификот.

Ќе биде придружуван со археологот од „Национална географија“ Фредрик Хејберт, а за исчезнатото летало ќе се трага месец дена. Двајцата се надеваат дека ќе ги најдат посмртните остатоци од несреќната Амелија, ако нејзиниот авион навистина паднал на тоа подрачје.

Во јануари годинава една истражувачка екипа веќе најавила дека е на трага на потонатиот авион, а го пребарувале островот Баку во Папуа Нова Гвинеја. Истражувачите од проектот „Блу ејнџел“ местото го истражувале 13. години и изјавиле дека некои делови од авионот би можеле да му припаѓаат на исчезнатиот авион.

Сега е ред на Балард кој, како што изјавил, во пребарувањето на морското дно, ќе користи различна технологија, вклучувајќи и подморници на далечинско управување и автономни пловила, а „Национална географија“, ќе го снима патувањето и пребарувањето. Документарниот филм ќе се прикаже на 20. октомври.

Ерхарт и Нуман полетале на 1. јули од Нова Гвинеја и тргнале преку океанот кон островот Хауланду, југоисточно од Хаваите. Ерхарт не ги открила деталите од својата позиција, што било вообичаено за летањето.

Во некој момент, следниот ден, јавила дека е без гориво, но дека сеуште не го гледа наведениот остров. Тоа било нејзината последна порака. Првата спасувачка екипа тргнала во потрага со надеж дека леталото ќе останело да плови во водата. Кога американската морнарица сакала да тргне во потрагата, започнала бура.

Стигнале СОС пораки за кои се претпоставува дека таа ги испратила, но било невозможно да се открие од каде стигаат. Следната недела веќе никој не бил оптимистичен дека ќе ја пронајдат.

Како што растеле доказите дека Ерхарт не го испланирала добро своето патување и сплетот на околности, кој нималку не и одел од рака, така растеле и трошоците за потрагата по неа. Во еден момент, морнарицата открила податок дека потрагата по Ерхарт чинела 250.000 долари дневно, како и ризик за животите на истражувачите.

Во последното јулско издание на списанието „Тајм“, осамнал насловот: „Потрагата е прекината“.

Со тоа престанала и културата на славење на авијатичарката. Конгресот размислувал да прекине со праксата, во потрага за авионите кои не се од комерцијално и научно значење, да ги бара морнарицата. Тоа било исклучително скапо.

Владата одлучила да ги укине издавањето на дозволи за вакви летови. Во јануари 1939 година, Амелија Ерхарт и официјлано била прогласена за мртва.

 

 

Текстот (Видео) Човекот кој го откри „Титаник“, во мисија да го најде и мистериозно исчезнатиот авион на Амелија Ерхарт е превземен од Reporter.mk.