(Видео) ЦИА ја бара арката на Ное

Американската агенција за разузнавање ЦИА, поттикната од приказната за арката на Ное, ги бара остатоците од бродот опишан во Библијата. Тие користат шпионски сателит кој го поставиле над планината Арарат, каде што, според Библијата, се наоѓал бродот на Ное по потопот. Експертите на ЦИА го пребаруваат теренот, а има истражувачи кои тврдат дека пронашле делови од овој древен брод.

Според откриените документи, ЦИА поверувала во приказната за Ное и големиот потоп што ги уништил сите грешници, а преживеале само Ное, неговото семејство и по еден пар од сите видови животни на земјата. Ако арката се пронајде, тоа би ги променило сфаќањата за историјата на човештвото и би докажало дека во Библијата сосема реално е прикажан целиот настан.

ЦИА имала и поддршка од некои членови на Конгресот на САД. Британски „Дејли стар“ тврди дека поседува барем 5 документи што се занимаваат со оваа тема. Два конгресмени и два сенатори на САД од ЦИА, наводно, побарале детаљни информации за истражувањето на планината Арарат. Користени се и снимки што ги направил шпионскиот авион U-2. Сепак, некои од снимките поради големата облачност се прогласени за неупотребливи.

Планината Арарат е со вулканско потекло и се наоѓа во Турција. На врвот, според христијанското предание, се наоѓа арката на Ное. Според Библијата, таа по потопот пловела 40 дена за на крај да заврши на врвот на планината. Според мислењето на научниците, големиот потоп е тешко замислив, но христијанските теолози даваат точни димензии на бродот и сметаат дека бил 134 метри долг, 22 метри широк и 10 метри висок.

Текстот (Видео) ЦИА ја бара арката на Ное е превземен од Reporter.mk.