Мексиканката Ванеса Ивон Мелендес Карденас заедно со нејзиниот инструктор падобранец загинале, по несреќата која ја доживеале за време на летот, на прославата на нејзиниот 18 роденден.
Од фирмата која ги организира скоковите со падобран, велат дека несреќата не била предизвикана поради лошата опрема. Се сомневаат дека некој направил грешка околу штелувањето на механизмот за активирање на падобранот.
„Не знаеме што точно се случило. Ќе спроведеме истрага. Ова не се случува секој ден и не може да се случи така едноставно. Сигурни сме дека станува збор за човечка грешка. Ова сигурно е поврзано со некој кој бил на тој лет, или некој кој ракувал со механизмот на погрешен начин“, изјавил Хорхе Гаитан, кој сметал дека падобранот бил активиран во фаза на летот кога е невозможно механизмот да реагира.
Ванеса сакала својот роденден да го прослави на оригинален начин, скокајќи со падобран од авион. Нејзиното семејство со пријателите ја снимале доле на местото каде требало да слетаат.
„Еве, сега ќе слета“, изјавил еден маж пред да забележи дека Ванеса ја нема.
#Entérate
Filtran el video de la caída vertical de los jóvenes quienes murieron al no abrir su paracaídas en #Tequesquitengo #Morelos @jojutla @juanangel_fb pic.twitter.com/WSUrpPtLio— InfoAgenda Morelos (@InfoAgenda_Mor) March 26, 2019
Подоцна двете тела, на Ванеса и на нејзиниот инструктор, биле пронајдени на полето недалеку од местото каде требало да слетаат. Семејството гледало како нејзината ќерка со инструкторот се обидувале безуспешно да го отворат падобранот пред да паднат. Двајцата скокнале од висина од околу 400 метри.
#Entérate
Filtran el video de la caída vertical de los jóvenes quienes murieron al no abrir su paracaídas en #Tequesquitengo #Morelos @jojutla @juanangel_fb pic.twitter.com/WSUrpPtLio— InfoAgenda Morelos (@InfoAgenda_Mor) March 26, 2019
Текстот (Видео) Девојка загинала по пад со падобран, намерно и го расипале механизмот е превземен од Reporter.mk.