(Видео) Документарецот „Пандемски лаги“ за големиот број епидемии и пандемии

На социјалните мрежи голем број теоретичари на заговор го споделуваат документарниот филм „Пандемски лаги“ во кој зборуваат руски аналитичари, експерти, новинари, лекари кои откриваат кој навистина стои зад сите епидемии и пандемии што се ширеа низ светот во последните неколку децении.
Во тој период се случија големи медиумски експлозии по повод епидемии и особено пандемии. Се случи страшен притисок кој се ширеше преку сите видови медиуми, од телевизија, преку весниците до интернетот.
Многу често пандемиите, а тоа се епидемии на светско ниво, се прогласени за последни денови на човештвото. Хистеријата беше масовна и речиси никој не беше имун на нивното дејство. Луѓето правеа големи залихи на лекови, вода и домашни производи. Народот масовно купуваше работи од продавница, кои инаку никогаш не би ги купил.
Сепак, неколкумина луѓе беа склони на  критичко набљудување на настаните. Тие почнаа да ги забележуваат низата  нелогичности во целата работа. Тие велат дека сите настани имале некоја заедничка црта, во некои сегменти се појавуваат истите луѓе и, што е најлошо, истите држави.
Следствено на тоа, руски аналитичари излегоа со податоци и низа докази од руските тајни служби кои јасно ја разоткриваат намерата на некои центри на моќ.

 

Текстот (Видео) Документарецот „Пандемски лаги“ за големиот број епидемии и пандемии е превземен од Reporter.mk.