(Видео) Француски „нулти пациент“ мистерија за зравството, заболел од корона, пред вирусот да се појави во Вухан

Амируш Хамар (43) во француските медиуми се разоткри како потенцијален „нулти пациент“ во неговата родна земја и како прва личност која во Франција се заразила од коронавирусот и тоа уште во декември минатата година, пренесува српски „Курир“. Тоа што е интересно, Хамар не патувал во Кина пишува „Дејли Мејл.

Тоа доведува до заклучокот дека вирусот кружел низ Европа и пред да излезе од лабораторијата во Вухан, на крајот на 2019 година и пред воопшто да се појави во светот.

Хамар одлучил да разговара со новинарите од телевизијата BFMTV, откако лекарите во една болница која се наоѓала во близина на Париз, ги повториле тестовите од примероците кои тој им ги дал на крајот на минатата година.

Хамар на почетокот мислел дека е заболен од грип. Примероци биле земени на 27. декември, а во понеделникот лекарите утврдиле, по повторениот тест, дека Французинот бил позитивен на новиот коронавирус.

Во разговор за BFMTV, Хамар открил дека почувстувал силни болки во градите, но објаснил дека лекарите му рекле дека неговата болест ја дијагностицирале како инфекција на белите дробови.

Иако експертите предупредуваат дека не би требало да се брза со заклуоците на темелите на неговите примероци, Светската здравствена организаија (СЗО) порачала дека појавата на раните случаи со зараза од коронавирус уште во периодот на минатата година, не се невообичаена појава.

Од СЗО исто така објасниле дека и другите држави да проверат дали кај нив имало случаи на зараза со коронавирус на крајот на 2019 година.

„Така ќе добиеме нова и појасна слика за ширењето на коронавирусот“, изјавиле од СЗО, а пишува „Дејли Мејл“.

Засега останува нејасно како Хамар се заразил, бидејќи не може да се воспостави директна врска меѓу него и некоја личност од Кина во која пандемијата почна минатата година.

Една од претпоставките е дека Французинот со алжирско потекло, се заразил преку неговата сопруга, која работи во супермаркет покрај парискиот аеродром „Шарл де Гол“, низ кои минуваат огромен број патници.

Освен тоа, лекарите кои го откриле случајот на Хамар, велат дека и неговата сопруга работела на пазар за риби со коелги од кинеско потекло.

„Сега настојуваме да утврдиме дали таа била асимптоматски преносител на вирусот“, вели доктор Ив Коен, од болницата во која Хамар се лекувал.

Самиот Хамар открил дека доктор Коен му се јавил пред неколку дена и му рекол дека е 100% позитивен на вирусот. На крајот на минатата година, Хамар имал висока температура, сува кашлица и проблеми со дишењето. Сите симптоми кои денес се поврзани со „Ковид-19“.

Самиот тој на почетокот мислел дека има грип, но сепак отишол во болница каде му дале маска за дишење.

„Во пет наутро отидов во болница и ми рекоа дека веднаш ми е потребен лекар, бидејќи нешто не е во ред со мене. Имав болки во градите“, изјавил Хамар.

Лекарите не можеле да утврдат од што точно боледува Хамар, но му рекле дека можеби има белодробна инфекција и го предупредиле дека болеста е сериозна.

По неколку дена во болницата, Хамар се опоравил и се вратил дома. Неколку дена подоцна тој целосно заздравел од мистериозната болест. Не бил свесен дека бил заразен од новиот коронавирус, пренесува Jutarnji.

Оваа приказна станува уште понтересна ако се погледне досега познатиот тек на ширење на коронавирусот. Кина првиот случај го пријавила во СЗО, дури на 31. декември 2019 година, а првиот случај заразен во Кина е потврден дури по 13. јануари 2020 година. Франција официјално, првиот случај го забележала на 24. јануари 2020 година.

Доктор Коен изјавил дека научниците од две болници тестирале стари примероци на 24 пациенти на коронавирус, од кои едниот бил позитивен. Резулатот покажал дека Хамар, со коронавирус бил зарзен месец дена пред првиот официјален потврден случај во Франција и пред птвиот официјален случај, официјално биде потврден во Кина.

Сите примероци тестирани во тие мини истражувања биле претходно собрани поради тестирања на грип, а секој бил тестиран неколку пати, за да нема сомнежи во резултатите. Доктор Коен, сепак, вели дека е прерано да се каже дали Хамар бил „нултиот пациент“ во Франција.

„Можеби е, но можеби има и претходни случаи од другите француски региони. Сите негативни примероци од тестовите на воспаление на белите дробови, би требало повторно да се тестираат, но на коронавирус. Вирусот веројатно веќе циркулирал меѓу населението“, објаснува лекарот.

„Не знаеме како Хамар се заразил. Не патувал никаде, а единствениот постојан контакт кој го имал, бил со неговата сопруга“, вели доктор Коен.

„Вирусот можел неприметно да се прошири меѓу населението“, смета доктор Оливија Бушар, шефот на Одделението за инфективни болести во болницата во која Хамар се лечел.

Многу експерти, сепак, предупредуваат дека на основа на еден случај, не може да се говори за неприметно ширење на заразата.

„Овие докази не се конечни, иако можно е да станува збор за еден од пораните случаи“, смета професорот по молекуларна биологија на Универзитетот во Нотингем, Џонатан Бол.

Извор/Курир.рс/Јутарниј/Дејли Мејл

 

 

Текстот (Видео) Француски „нулти пациент“ мистерија за зравството, заболел од корона, пред вирусот да се појави во Вухан е превземен од Reporter.mk.