(Видео) Густа магла усмртила повеќе од 12.000 луѓе во Лондон

Научници од Универзитетот во Тексас почнале да ја проучуваат убиствената магла, која неколку дена се спуштила над Лондон во 1952 година и однела повеќе од 1000 животи.

Прв пат се појавила на 5. декември. Исчезнала по четири дена. Но, откако ја снемала, во градот биле забележани над 12.000 мртви луѓе, а околу 150.000 завршиле во болница.

Неколку години подоцна изгласани се значајни ригорозни закони за загадување на воздухот, но самите причини за појавување на оваа магла, до ден денес не се разјаснети.

Ренји Занг и неговиот тим на истражувачи се обидуваат да открјат дали причина за смртта на илјадниците луѓе е добиената смртоносна сулфурна киселина како реакцијата на азотдиоксидот со бенигниот сулфордиоксид.

„Веќе подолго време е познато сулфатите претставуваат голем дел од маглата, а честичките на сулфурна киселина настанале од сулфурдиоксидот кој излегувал од оџаците на куќите и термоелектраните на јаглен“, вели Занг, а пренесува „Бизнис Инсајдер“.

Занг напоменал дека досега не е сосем јасно како сулфурдиоксидот станал сулфурна киселина. Занг вели дека голема улога играла природната магла која е ендемична за Лондон и реката Темза.

Поради релативно големите честички, многу лесно доаѓа до хемиска реакција. Слични количини на загадување се случуваат и во Кина, но досегеа не е забележан сличен случај на смртоносна магла.

Занг тоа го објаснува со големата количина на вештачко ѓубре кое Кина го користи. Заедно со густиот сообраќај, тоа деведува до голема количина на амонијак во атмосферата.

Амонијакот ги неутрализира честичките на сулфурна киселина и ги спасува Кинезите од масовно умирање, какво што било случај во Лондон во 1952 година. Истражувачите сега се надеваат дека ќе ги разберат причините за смртоносната магла во Лондон и ќе им помогнат на останатите градови да се спасат од сопственото загадување.

„Веруваме дека и на кинеските градови им дадовме некакви идеи како да го подобрат квалитетот на воздухот“, изјавил Занг.

 

Текстот (Видео) Густа магла усмртила повеќе од 12.000 луѓе во Лондон е превземен од Reporter.mk.