Аналитичарот Дарко Трифуновиќ смета дека американскиот воздушен напад во кој е убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани и бомбардирањето на американската база во Ирак, е однапред испланирано сценарио.
Трифуновиќ објаснува дека не очекува понатамошна ескалација на настаните на блискиот исток.
„Ракетите кои ги испали Иран, Американците можеа да ги пресретнат и да ги уништат во секој момент. Тие имаат таков капациетет и затоа сметам дека ова што се случи е договорено сценарио“, изјавил Трифуновиќ.
Тој смета дека ова е посредничка војна, околу територијата на Ирак и Сирија и дека овие два настани меѓу Иран и Америка нема да ескалираат.
„Ова е прокси војна околу територијата на Ирак и Сирија. Иран е голема регионална сила, а Америка е супер сила. Иранската пропаганда ќе ги убеди своите граѓани дека тие убиле илјадници луѓе во Ирак, по што ќе се шири приказната за да се задоволи јавното мислење. Од друга страна, Америка тврди дека никој од нивните војници не настрадал. Според овие параметри сега, не очекува состојбата да ескалира“, вели Трифуновиќ.
Според негово мислење, нападот на Сулејани бил неизбежен, затоа што на тоа повикал претседателот Доналд Трамп, а дека на тоа Иран реагирал поради јавноста.
Трифуновиќ додава дека терба да се земат во предвид, тоа дека претседателот на Америка Доналд Трамп е многу непредвидлив и дека неговите понатамошни чекори можат да бидат изненадувачки за многумина.
Трифуновиќ упатува на тоа дека овој конфлит е пример и за луѓето на Балканот.
„Ова е јасна слика дека конфликтите на нашите простори, се конфликти на други сили, а дека жртвите се Срби, Хрвати и Муслимани“, вели Трифуновиќ.
Иранската национална гарда објави дека бомбардирањето на американската база Аин ал Асад, околу 200 километри западно од Багдад, со 10 проектили земја-земја, е одговор на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.
Текстот (Видео) Иран и Америка се имаат договорено, смета аналитичарот Дарко Трифуновиќ е превземен од Reporter.mk.