Авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ кој со 239 патници и членови на екипажот на летот MH370 од Куала Лампур, до Пекинг, кој исчезна на 8 март 2014 година, најверојатно е соборен со ракета.
Ова го тврди Американката Кери Вокер, која смета дека пронашла несоборливи докази од сателитски снимки.
„Открив сателитски снимки кои на прв поглед изгледаат нормално. Но, подоцна можам да забележам дека авионот бил погоден со ракета, веднаш откако го напуштил малезискиот воздушен простор. Станува збор за исклучително тешка ракета артилерија која го погодува авионот од сите страни“, вели Кокер.
Кокер објаснува дека на снимките може да се види дека е просто непогрешлива ваквата нејзина теорија.
Снимките за кои Вокер говори можете да ги погледнете на следниот линк:
Ваква слична теорија ја изнел и Французинот Жислан Ватрело, кој ги изгубил својата жена и две деца тинејџери, кои патувале со малезискиот авион и биле на истиот овој лет.
Текстот (Видео) Исчезнатиот малезиски авион бил соборен со ракета е превземен од Reporter.mk.