(Видео) Исчезнатиот малезиски авион пренесувал сомнителен пакет

Најновите добиени извештаи предизвикаа пресврт во истрагата за исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнз“ на елтот MH370. На 8. март 2014 година, мистериозно исчезна малезискиот авион, со 239 патници во него.

Француските истражувачи кои го анализирале неговото ичезнување, откриле дека во патничкиот авион се наоѓал мистериозен багаж од 90 килограми. Жилан Ватерл, кој на тој кобен лет ги загубил сопругата и двете деца, велат дека багажот бил откриен во најновиот извештај за патниците и товарот кој се пренесувал.

„Мистериозен багаж од 90 килограми е додаден на списокот на по полетувањето. Просторот за багаж бил претоварен, а никој не знае зошто. Експертите немаат никаков одговор. Можеби станува збор за нестручност, а можеби за манипулација. Сè е можно. Ова е едно од прашањата за Малезијците“, изјавил Ватлер за Le Parizien.

Неговите тврдења ги разбрануваа тврдењата на заговорниците поврзани со исчезнувањето, а тоа е дека авионот бил киднапиран од страна на слеп патник. Претходно овој месец, експерт за воздухопловна безбедност, Тим Термини изјавл дека теоријата за слеп патник е една од можностите која би можела да ја разјасни мистеријата.

„Мислам дека најверојатно е авионот да бил киднапиран. За киднапирањето постојат четири опции. Можел да го изведе некој од членовите на екипажот, можел да биде и некој од патниците, а можел да биде и слеп патник. Можна е и ситуација со киднапирање преку електронски пат. Авионот да бил управуван од база на земјата“, вели Ватерл.

„Дејли Мејл“ потсетува дека товарот кој бил пренесуван со авионот, долго време бил во центарот на внимание. Поранешниот шеф на „Малезија ерлајнз“, Ахмад Јахари, своевремено открил дека 12 дена по исчезнувањето на авионот, во истиот имало 200 килограми литионска батерија.

Два месеци по компанијата NNR Global потврдила дека во авионот биле товарени 2,4 тони терет со разна содржија, од кои 221 килограм отпад на литионска батерија. Остатокот биле полначи и прибор за радио.

Во мај минатата година, „Глас 370“, група на роднини на луѓето исчезнати во авионот, ја повикале малезиската влада да го објави комплетниот список на товар кој бил во авионот.

Даница Викс, вдовица на австралискиот државјанин Пол Викс, изјавила дека е неверојатно тоа што компанијата секогаш криела што сè имало во авионот. Таа вели дека досега таквиот список не им бил доставен на семејствата.

Исчезнувањето на MH370 се смета за една од најголемите загатки во воздухопловството. Досега се појавиле низа на теории на заговор, од самоубиствената мисија на капетанот до обид за терористичко киднапирање кое тргнало во лош правец. Франција е единствената држава која сеуште спроведува истрага за исчезнати тројца нивни државјани.

Француските истражувачи проценуваат дека ќе им треба околу година дена за да ги соберат сите информации кои ги добиле од „Боингот“, но и прелиминарни информации кои укажуваат на тоа дека некој бил зад управувачот на авионот кога исчезнал во Индискиот океан.

Истражувачите донеле свој заклучок на основа на податоците за летот кој говорат дека „Боингот 777“ пред исчезнувањето направил неколку абнормални вртења, кои можело да се изведат единствено рачно.

Текстот (Видео) Исчезнатиот малезиски авион пренесувал сомнителен пакет е превземен од Reporter.mk.