(Видео) Искусни морнари предупредувале на трагедијата во Будимпешта

Морнарот Андраш Курбели, во интервју за унгарски Index, вели дека бродската несреќа во Дунав во која загинаа осум јужнокорејски туристи, а уште 20 лица се водат за исчензати, била само прашање на време.

Курбели е искусен морнар кој веќе 27 година полови со речни крузери низ Дунав. За него реката во Будимпешта претставувала „смртоносна станица“, за малите туристички бродови. Курбели вели дека овој бизнис го превземале големите компании уште на времето, а главниот збор во градот го имале капетаните на големите бродови.

Да се биде капетан на туристички брод одеднаш стана нajoпacната работа во градот“, констатира Андраш.

„Ваквата пракса речните крузери да го поминуваат Дунав ноќно време е исклучително опacна и беше само прашање на време кога ќе се случи вакво нешто. Бараме да се забранат пловењата по Дунав во Будимпешта во ноќните часови“, е барањето на експертите кои велат дека и претходно ги имале пpeдупредено локалните власти.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека побарал темелна истрага за несреќата што се случи на Дунав во Будимпешта, во која загинаа најмалку седум туристи од Јужна Кореја.

„Сите сме потресени, несреќата се случи на место каде што патниците немаа шанса да преживеат. Побарав од властите да спроведат стриктна и темелна истрага“, изјави Орбан за државното радио, објави „Ројтерс“.

Несреќата се случи во средата вечер кога туристички брод за разгледување на градот од вода се судри со голем крузер.

 

Текстот (Видео) Искусни морнари предупредувале на трагедијата во Будимпешта е превземен од Reporter.mk.