Снимка направена во Австралија, на која јато птици ги кинат жиците поставени на кула со 5Г-мрежа, поттикна голем број шпекулации на социјалните мрежи, кои ги шират теоретичари на заговор, пишува „Дејли Мејл“.
Според некои заговорници, снимката јасно покажува дека и питиците ги чувствуваат овие жици како некој вид закана. Овие снимки настанале, додека низ земјата, голем број теоретичари на заговор се собираат во знак на протест против воведувањето на новата 5Г-мрежа. Тие сметаат дека оваа мрежа го предизвикува коронавирусот.
„Птиците јато ја напаѓаат 5Г мрежата, дали чувствуваат некаква закана?“, пишува во насловот на видеото.
„Па, ако ова не е самопредупредување на природата, тогаш не знам што е?“, се пошегувала друга.
Неодамнешното истражување на Essential Research, покажало дека смешните теории на заговор, кои се шират меѓу населението во Австралија, вклучуваат и такви кои веруваат дека 5Г мрежата се користи за ширење на коронавирусот.
Ист број на луѓе веруваат дека пандемијата се користи за да ги примора луѓето на вакцинација. Резултатите ја натерале владата, да предупреди дека тврдењата, за тоа дека 5Г мрежата е поврзана со коронавирусот, се лажни.
„Секоја сугестија дека постои каква било врска меѓу 5Г- мржата и коронавирусот е крајно неоснована“, изјавил министерот за комуникација Пол Флечер.
„Нема докази дека употребата на овие радиобранови во мобилните мрежи, се штетни по здравјето или се поврзани со моменталната здравствена пандемија“, објаснил тој.
Еден на секој осму жител во земјата, смета дека, основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на некој начин е одговорен за вирусот. Тој донирал милиони долари за истражувачки напори за развој и производство на вакцините против короанвирусот.
Ваквите теории на заговор, беа причина за одржување на серија мали протести против застојот на коронавирусот ширум Австралија, овој месец.
Теоретичарите на загвор кои носат знаци со анти 5Г пораки, им се приклучија на оние граѓани кои негодуваа на строгите мерки во државата. Во Мелбурн на масовниот митинг, биле уапсени десетина лица.
Австралискиот професор Џон Двиер, ги опишал конспиративните тврдења дека 5Г мрежата е смртоносен вирус, како опасна глупост.
„Во овој момент, во борбата против епидемиајта, ова е опасна глупост. Дури и неколку луѓе да мислат поинаку, дека социјалното дистанцирање е глупа идеја, на тој начин сите не туркаат во ризик“, изјавил Џон за „Севен њуз“.
Воведувањето на 5Г мрежата во Австралија почна во јуни 2019 година, а техноогијата користела слична фрекфенција, како и постоечката 3Г и 4Г мрежа.
Единствената разлика кај 5Г е тоа што, истата може да работи со поголема брзина и на пошироко подрачје.
Извор/Дејли Мејл
Текстот (Видео) Јато птици ги кинат жиците на 5Г-кула во Австралија е превземен од Reporter.mk.