(Видео) Коронавирусот е дојден од вселената, тврди британски научник

Британскиот професор и научник Чандра Викрамасинж од Бакингемскиот центар за астробиологија тврди дека коронавирусот го донел метеор кој експлодирал во Кина уште во месец октомври минатата година. Тој тврди дека експлозијата на метеорот ги ослободила вирусните честички.

„Веројатно е дека епидемијата на новиот коронавирус има врска со вселената“, изјавил Чандра.

Тој тврди дека вирусот или паднал на Земјата или бил фрлен во стратосферските воздушни струи кои кружат околу Земјата. Огнениот метеор е виден како лета преку небото на североистокот на Кина, околу 12:16 часот на 11 октомври 2019 година.

„Сметам дека стотината билиони заразни вирусни честички, кои се наоѓале на метеорот, кога истиот паднал на земјата се ослободиле во облик на прашина“, вели Чандра.

Она што е уште побизарно е дека првата епидемија на коронавирусот е откриена во истиот регион на Кина каде е забележан и метеорот.

Исто така, Чандра вели дека метеорот содржел монокултурни заразни честички на вирус 2019-nCoV, кои преживеале во внатрешноста на метеорот.

„Веруваме дека инфективните агенси кои преовладуваат во вселената ги пренесуваат кометите и можат да паднат на Земјата низ тропосферата. Мислам дека тие можеле и во минатото да предизвикаат епидемија на болести од кои било погодено човештвото“, тврди Чандра.

Експертите за заразни болести ја оспоруваат неговата теорија и велат дека ковид-19 е сличен со другите познати коронавируси и дека истиот се пренесува на луѓето од животните, а не е дојден од пад на метеор.

Специјалистите за заразни болести Доминик Спаркс од Универзитетскиот колеџ во Лондон изјавил за IFLScience:

„Најубедлив доказ е дека SARS-CoV-2 не дојден од метеор затоа што овој вирус е поврзан и со други познати вируси. Коронавирусот е поврзан со вирусот SARS (тежок акутен респираторен синдром), кој предизвика епидемија во раните 2000 години и вирусот MERS (блискоисточен респираторен синдром), кој во моментов и понатаму ја предизвикува оваа болеста“, објаснува Спаркс.

„Откриено е дека SARS потекнува од слепите лилјаци, кои го пренесле вирусот на мачките, кои, пак, се пренеле на луѓето, додека се знае дека MERS се пренесува на луѓето од камили“, вели Доминик.

 

Текстот (Видео) Коронавирусот е дојден од вселената, тврди британски научник е превземен од Reporter.mk.