Еден неименуван корисник на „Гугл ерт“ успеал да забележи необичен објект на Антарктикот. Објектот многу наликувал на џиновска заграда, направена под ледот. Тој како потврда за неговото тврдење, објавил и визуелен доказ на „Јутјуб“. На снимката може да се види огромен квадратен објект кој се издигнува под ледот.
„Многу е голем и изгледа како зграда. Но, би можело да станува збор и за големо парче лед“, напишал тој.
На неговиот пост, кој собрал преку илјада лајкови, имало различни коментари.
„Можеби е огромен монолит од древната цивилизација? Изгледа како шатор над земјата, а можеби е некакво летало. Дури фрла и сенка“, биле дел од коментарите на социјалните мрежи.
Меѓу нив имало и скептици кои веруваат дека структурата е само блок на лед со необичен облик.
Текстот (Видео) Мистериозна коцка откриена на Антарктикот е превземен од Reporter.mk.