Мистериозно летало со силна светлина ги исплаши жителите на Флорида. Од Американското метеоролошко здружение велат дека примиле повици од 20 граѓани од градот Џексонвил до Ки Вест во периодот по полноќ.
Американското здружение објави на „Твитер“ дека засега немаат објаснување за ваквата небесна појава. Шерифот нa Палм Бич се пошегува и изјави дека не станува збор за никаква инвазија на Марсовци и дека им се заблагодарува на граѓаните на довербата во спречување на евентуалниот напад на меѓугалактичките освојувачи.
VIDEO: Fireball streaks across Florida sky https://t.co/5XR8Y2HcGQ pic.twitter.com/liXFrA3vK8
— Leigh Spann (@WFLALeigh) July 3, 2019
Американскиот астрофизичар Џонатан Мекдауел ја разјаснил оваа мистерија велејќи дека станува збор за делови од кинески ракети кои влегле во Земјината атмосфера.
„Станува збор за ракета лансирана во јануари, тешка околу два тона, носела кинески воен телекомуникациски сателит“, изјавил астрофизичарот додавајќи дека ракетата, откако ја извршила мисијата, станала вселенски отпад кој кружи околу Земјата, што е вообичаена појава.
„Ракетата полека се движи и се распарчува на парчиња. Тоа е класичен пример на вселенски отпад што се распаѓа“, изјавил Мекдауел и додал дека таквиот отпад се појавува еднаш месечно.
Текстот (Видео) Мистериозна огнена топка ги исплаши жителите на Флорида е превземен од Reporter.mk.