Во градот Ферара Ербоњоне на северот на Италија, во срцето на Ломбардија, на 45 километри оддалеченост од Милано, досега не се заболел ниту еден жител од вкупно 1200-те, од коронавирус.
Жителите од ова место велат дека ги имаат превземано сите превентивни мерки уште од првиот ден и денес се горди на податокот дека немаат заразени лица меѓу нив.
Градоначалникот Џовани Фасина ги извести сите семејства, дека до 2. април ќе може да се нарачаат крвни анализи во лабораторијата во блискиот соседен град Сназаро де Бургунди (Павиа), за детално да проучат што може да биде причината за ваквиот феномен.
„Веруваме дека тоа не е до генетиката. Ние сме како и сите останати. Очигледно населението ги почитува сите мерки на претпазливост и наредбите од лекарите. Сигуро сите сметале дека е потребно строго да се држат до упатствата. Имаме постара популација и висока просечна старост на населението“, вели Фасина.
Анализите ќе бидат бесплатни, а оние кои нема да можат да стигнат до Павиа, анализите ќе можат да ги направат дома. Целта е да се истражат антителата кои се во состојба да го победат коронавирусот. Хипотезата е дека всушност постои нешто во имунилошкиот систем кај населението на овој град, што би можело да објасни како тоа никој не е позитивен на коронавирусот и што би можело да е тоа кое би помогнало во настојувањата да се спречи ширењето на заразата низ цела Италија и светот.
Целиот процес ќе го надгледуваат регионалните тела. Во регионот Ломбардија починаа најмногу лица, а регистиран е и најголем број на заразени лица во цела Италија.
Текстот (Видео) Мистериозно градче во Италија во кое досега никој не заболел од коронавирус е превземен од Reporter.mk.