Мистериозно летало во вселената кое користи соларна енергија за движење, веќе 719 дена кружи околу орбитата на Земјата. Експертите засега велат дека имаат малку познавања за него и не им е позната неговата цел.
The #X37B #OTV4 is the newest and most advanced re-entry spacecraft. Find out more about today’s landing here: https://t.co/GUGgOMQiYg pic.twitter.com/HfHHVnWhYc
— U.S. Air Force (@usairforce) May 7, 2017
Леталото е познато како X-37B, а му припаѓа на американската војска. Ова е неговата петта мисија наречена Orbital test 5. Со последната, мисија тоа го собори рекордот. Претходното летало околу земјата кружело 714 дена, 20 часа и 42 минути. Американската војска не сака да прецизира за што станува збор.
За мисијата говорат со општи термини. Засега не е познато кога леталото ќе се спушти на Земјата, но кога тоа ќе се случи, од војската велат дека ќе продолжи да се движи на тркала. Според наводите на војската, основната цел на леталото е да се истражи вселената. Освен тоа, официјалните лица засега не соопштуваат други детали.
Некои тврдат дека неговата цел е да се истражи вселената на основа на што САД би развиле ново вооружување. Војската ги негирала ваквите наводи. Леталото првично било конструирано да може да кружи околу Земјата 720 дена. Но, бројот на денови кое ги минало во вселената, значително се зголемил.
Други детали за леталото X-37B засега не се познати, но сигурно дека ќе бидат во центарот на внимание на јавноста. Се знае дека леталото X-37B е нешто помала верзија на спејс шатл на НАСА. Војската на САД има најмалку две летала со соларен погод, а ги има изработено „Боинг“.
Текстот (Видео) Мистериозно летало кружи околу Земјата 719 дена е превземен од Reporter.mk.