(Видео) Му подготвува милионски развод на шеикот, продолжува сагата со избеганата принцеза Хаја

Продолжува сагата околу бегството на најмладата сопруга на владетелот на Дубаи, Мухамед бин Рашид Мактум. Шеикот во моментов води битка со неговата сопруга за развод и старетелството над неговите деца.

Принцезата Хаја побегна во Лондон, недолго по бегството и на ќерката на Мактум, принцезата Латифи, која и покрај негирањата на нејзиниот татко, вели дека избегала затоа што не можела да го поднесе третманот кој тој го имал кон неа.

Владетелот на Дубаи шеикот Мухамед бин Рашид Мактум, наскоро ќе се појави пред судот каде треба да сведочи за обвинувањата од страна на неговата ќерка принцезата Латифи. Ваквото сведочење би можело да биде клучно за постапката за парницата со неговата сопруга принцезата Хаја, која исто така побегна во Лондон.

Хаја со месеци детално го планирала бегството во Лондон, заедно со нејзините деца, откако дознала дека нејзиниот сопруг лажел за затворањето и мачењето на неговата постара ќерка принцезата Латифа, пренесува „Дејли Мејл“.

Се верува дека сега 45 годишната Хаја бинт ал Хусеин, се крие во Велика Британија со 11 годишната ќерка Џалила и 7 годишниот син Зајед и дека се подготвува за повеќемилионски развод и остра борба за старателството над децата.

Според пишувањето на британскиот весник, принцезата Хаја е една од шесте жени на шеикот, а откако ја дознала вистината за тоа што нејзиниот сопруг ѝ го прави на сопствената ќерка, почнала да се плаши дека истото ќе ѝ се случи и на неа.

„Принцезата веројатно се уплашила дека нешто слично би можело да ѝ се случи и на нејзините деца и затоа одлучила да си заминие“, изјавил извор близок до семејството.

Ќерката на владетелот на Дубаи, Латифа Мухамед ал Мактум, го напуштила Дубаи со јахта минатата година, но набрзо потоа била уапсена од страна на специјални тимови и сега се наоѓа во затвор. Таа прд да биде уапсена снимила неколку видеа во кои изјавила дека нејзиниот живот е привид, и дека постојано била изложена на тортура.

Две години била во затвор откако како тинејџерка се обидела да побегне. Принцезата сега се наоѓа наводно во својот дом вреден 85 милиони фунти, во Кенсингтон, каде ја чека почеток на судењето кое е закажано за следниот месец. Шеикот Мактум пред Семејното одделение на Високиот суд во Лондон, покренал правна постапка.

Постапката се однесува за старателството на двете нивни деца. Рочиштето е закажано за 30 јули, пренесува британските медиуми.

(Видео) По бегството на ќерка му, шеикот Мактум остана и без најмладата сопруга

 

Текстот (Видео) Му подготвува милионски развод на шеикот, продолжува сагата со избеганата принцеза Хаја е превземен од Reporter.mk.