Јужноамериканката Мишел Соломон по две децении случајно открила дека била киднапирана како бебе. Таа била три дена стара кога била однесена од породилиште во Кејптаун, додека нејзината мајка спиела. По 17 години, благодарение на селфито кое го направила со другарка ѝ Кесиди Нерс, случајно ги открила вистинските родители.
„Кога се запознав со Кесиди ми се чинеше како да ја познавам целиот живот. Кога се видовме во ходникот, чувствував дека меѓу нас постои некоја посебна врска. Не можам да го опишам чувството“, изјавила Мишел.
Сличноста први ја забележале родителите на Кесиди кои биле вистински родители на Мишел. Тие жиееле на само неколку километри од неа. Иако сега се разведени, велат дека никогаш не се откажале од потрагата по нивната ќерка. Почнале да се распрашуваат за нејзиното минато, па дознале дека е родена истиот ден како и нивната ќерка.
Кога и предложиле да направат ДНК тест ја откриле вистината. Мишел во 1997 година била украдена од Лавона Соломан, жената со која го минала целиот живот. Лавона имала неколку абортуси и очајно посакувала бебе. Во 2015 година таа го признала делото, а година подоцна била осудена на десет години затвор.
Во меѓувреме Мишел вели дека не сака да се врати кај своите биолошки родители кои сега се разведени. Таа сака да продолжи да живее со татко и Мајкл, сопругот на Лавона, кој бил ослободен од обвиненијата поради недостиг на докази. Обвинителството не можело да утврди дека тој имал некакви сознанија за намерите на неговата сопруга.
„Моите биолошки родители сега се разведени. Поради тоа се одлучив да продолжам да живеам со мојот татко Мајкл. Таму е мојот дом. Мојата мајка знае дека ја сакам и дека и простувам за сè. Не можам да ѝ се лутам. Таа е жената која ме одгледа како нејзина ќерка“, изјавила Мишел.
Таа вели дека често ја посетува во затворот и едвај чека да и се врати. На Лавона и остануваат уште седум години да ја одлежи затворската казна.
Текстот (Видео) Направила селфи со другарка ѝ па открила дека е украдена како бебе е превземен од Reporter.mk.