Европската вселенска агенција, во соработка со НАСА, стравуваат од можни удари на астероиди, пишуваат светските медиуми. Европските министри задолжени за Европската вселенска агенција ESA, одобрија буџет во висина од 320 милиони евра, за спроведување на мисијата „Хера“.
Оваа мисија има за цел да испрати летала – сателити, во вид на дронови, кои треба да ги испитаат астероидите, откако истите ќе бидат подложни на силни експлозии. ESA планира да испрати две летала до системот на астероиди наречен Didimos. НАСА прво ќе предизвика судар со помали астероидите под името Didimun со своите сонди DART.
Експлозијата ќе ја сними италијанскиот сателит LICIACube. „Хера“ отпосле ќе го мапира и испита кратерот предизвикан од ударот и ќе ја мери масата на астероидите.
„Хера“ ќе носи со себе два CubeSat сателити кои ќе можат да летаат многу блиску до површината на астероидит, пред да го допрат. Овие мали летала, со големина на актовка, ќе делуваат како дронови и ќе собираат клучни податоци за кратерот, односно од местото на ударот, а потоа податоците ќе им ги испратат на научниците.
Овие податоци ќе им помогнат на научниците да го одредат составот на астероидите. Целта е да се создаде техника за одбрана од можни идни удари на астероиди на планетата. Во мисијата ESA и „НАСА“ ќе се обидат да предизвикаат експлозија на помали астероиди со големина на Големата пирамида во Газа.
Ваквите астероиди научниците велат дека би можеле да уништат цел град, доколку паднат на Земјата. Тие велат дека досега не била спроведена ваква мисија, во која летала од Земјата ќе ги испитуваат масите на толку мали вселенски тела. Ударот на астероид можеби изгледа како малку веројатно сценарио, но можно е да се спречи.
Научниците велат дека поголема можност човештвото има да се спаси од удар на астероид, отколку од силни земјотреси или ерупција на вулкани.
„Мораме внимателно да ги следиме 2000 објекти кои се движат и летаат во близина на Земјата. Не смееме да дозволме да ја доживееме судбината на диносаурусите“, изјавил истражувачот Холгер Сирекс, за Space.com.
Текстот (Видео) НАСА и ЕУ стравуваат од можни удари од астероиди е превземен од Reporter.mk.