Научниците на НАСА предупредуваат на опасност од Астероид кој се доближува и претставува закана за Земјата. Според досега собраните податоци, од американската вселенска агенција велат дека астероидот ќе помине толку блиску до Земјата, што нејзината гравитација би можела да го привлече кон неа.
Од досега собраните податоци, експертите од CNEOS велат дека астероидот ќе помине покрај нашата планета на 18. март во 11.15 часот. Тој ќе биде оддалечен од земјата 0.04343 астрономски единици, односно 6,5 километри од центарот на планетата.
Тие велат дека астероидот е доволно голем за да може да создаде голема експлозија во атмосферата. Според ценатарот за студии за објекти на НАСА, (CNOES), астероидот 2020 ЕФ, како што го нарекле, е со пречник од околу 30 метри и во моментов се движи кон Земјата со брзина поголема од 16.000 километри на час.
Поради неговата големина астероидот најверојатно нема да удри во планетата. Наместо тоа, астероидот најеројатно ќе се распадне за време на влегувањето во атмосферата и ќе предизвика експлозија на небото.
За жал, како што велат од НАСА, тоа не значи дека автоматскиот судар со 2020 ЕФ, нема да биде опасен за Земјата. Тие го спомнаа случајот во 2013 година, кога метеор експлодира над градот Челјабинск во Русија.
Експлозијата од вселенските карпи може да ослободни енергија еквивалентна на голем број на атомски бомби. Иако поголемиот де од експлозијата ќе се апсорбира во атмосферата, преостанатата енергија и понатаму може да биде доволно силна за да ги оштети зградите и да повреди голем број луѓе на Земјата.
Текстот (Видео) НАСА предупредува на опасност од астероид е превземен од Reporter.mk.