Повеќе од стотина луѓе починале од коронавирусот, а над 4500 се заразени. Ова го покажуваат последните извештаи на Светската здравствена организација, СЗО.
Кинеските власти и властите во голем број држави забранија да се патува во земјата, особено во местото Вухан, кое е жариште на опасниот вирус. Одговорните велат дека преземани се сите мерки со цел да се спречи ширењето на опасниот и смртоносен вирус.
Експертите велат дека со ширењето на вирусот истовремено се шират и дезинформациите за истиот. Во јавноста почнаа да се шират бројни теории на заговор како што се приказните за слепи глувци.
Телевизиската мрежа Би-би-си истражува како почнале да се шират ваквите информации и од каде потекнуваат.
Теорија на заговор 1: Вирусот почнал со јадење супа
Од почетокот се претпоставувало дека вирусот се раширил меѓу луѓето. Многумина на социјалните мрежи почнале да шпекулираат за неговото потекло, особено откако се појавило видео од девојка како јаде супа од глувци. На снимката се гледа како таа држи зготвен глушец и го покажува на лицето кое ја снима.
Потоа им вели на другите дека е многу вкусно и дека е слично како зготвено пилешко месо. Видеото предизвика огорченост на социјалните мрежи, а некои почнале и да посочуваат на лошите кинески навики на исхрана кои се причина за ширење на вирусот. „Би-би-си“ јавува дека снимката не е направена во Вухан, ниту, пак, во Кина.
Истото е снимена во 2016 година, а на неа е снимена популарната блогерка Ванг Менгиуан, која има своја сопствена емисија за патување, а видеото го снимила додека патувала во Палау, островска држава во Тихиот Океан.
Снимката повторно се појавила на социјалните медиуми, откако на крајот на минатата година изби епидемијата на коронавирусот. Откако била нападната поради снимката, Ванг се извинила во јавноста и изјавила дека преку снимките се обидела да ги покаже навиките на тамошните жители.
Таа додала дека не знаела дека глувците можат да пренесуваат вируси, а снимката во меѓувреме е отстранета. Се смета дека новиот корнавирус почнал да се појавува на пазарот во Вухан, каде се тргува илегално. Иако се чини дека глувците можат да пренесуваат вируси, во новите студии во Кина, супата од нив не е невообичаена.
Истражувачите и понатаму се обидуваат да го откријат неговото потекло.
Теорија на заговор 2: Планирана епидемија
Според американските медиуми, на „Твитер“ и на „Фејсбук“, како и на други социјални мрежи бил пријавен првиот случај со коронавирусот. Во јавноста почнале да циркулираат документи кои откриваат дека експертите знаеле за вирусот уште минатата година.
Еден од првите корисници кои ги објавил овие документи и наводи е познатиот теоретичар на заговор и „јутјубер“ Џордан Сатер. Во подолг пост споделен преку илјада пати, тој ја открил врската со патентот од 2015 година, кој е пријавен во „Прибрајт“ институтот во Англија.
Овие документи говорат за тоа како се развива ослабената верзија на коронавирусот за потенцијална употреба како вакцина за превенција или лечење на респираторни болести. Истиот линк е споделен на „Фејсбук“ главно во групите против користење вакцина и во групите во кои се споделуваат теории на заговор.
Сатер напишал дека Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс донирала многу пари на „Прибрајт“, институт за развој на вакцина, сугерирајќи дека моменталниот коронавирус на некој начин намерно е произведен со цел да се поттикне развој на вакцина против него.
„Колку финансии дала фондацијата на Бил Гејтс за програмите на вакцинација во текот на годината? Дали медиумите се користени за ширење на страв?“, напишал и јавно прашал Сатер на „Твитер“.
Според Би-би-си, патентот на „Прибрајт“ не е за новиот коронавирус, туку истиот тој бил наменет за вирус кој предизвикува инфективен бронхитис и дека не е поддржан од фондацијата на Бил Гејтс.
Теорија на заговор 3: Станува збор за биолошко оружје
Уште една непоткрпена теорија се рашири на интернет, која тврди дека вирусот е дел од кинеската програма за развој на тајно биолошко оружје. Истата теорија тврди дека вирусот случајно бил пуштен од страна на Институтот за вирусологија во Вухан.
Бројни профили ја поттиснале оваа теорија на заговор и цитирале два текста на „Вашинтон тајмс“. Во двата текста бил цитиран поранешен израелски воен известувач, кој ги дал ваквите тврдења. Сепак, доказите за ова тврдење не се доставени во текстовите. Цитиран е само израелскиот извор, кој вели дека нема докази за ваквите индикации.
Досега се објавени два текста на стотина различни профили на социјалните медиуми, сè со цел да стигнат до милиони луѓе. „Дејли стар“ минатата недела објавил сличен текст, во кој тврди дека вирусот можеби е направен во тајна лабораторија. Но, во меѓувреме се извиниле и додале дека немаат докази за ваквите тврдења.
Според официјалната студија, се смета дека вирусот се појавил на илегален пазар во Вухан. Би-би-си ги замолиле од „Вашинтон тајмс“ за некаков коментар.
Теорија на заговор 4: Шпионски тим
Друга теорија на заговор која се раширила во јавноста е дека вирусот е поврзан со суспензија на истражувачи од канадската Национална лабораторија за микробиологија.
Станува збор за вирологот доктор Ксиангуо Киу, која со нејзиниот сопруг и студенти од Кина биле отпуштени од лабораторијата, поради можно кршење на деловната политика. Така е пријавено во канадскиот национален прекуграничен извештај минатата година. Полицијата соопштила дека нема закани за безбедноста на граѓаните.
Во вториот извештај се тврди дека доктор Виу бил во посета на Националната лабораторија за биолошка безбедност во Вухан, двапати во годината, во изминатите две години.
Во неговиот твит, кој бил споделен преку 12.000 пати и кој има преку 13.000 лајкови, тој тврди дека доктор Куи со сопругата биле шпиони, кои патогенот го испратиле во Вухан. Во истиот твит се тврди дека Киу и нејзиниот сопруг биле специјализирани за коронавирусот.
Ниту едно од овие тврдења го нема во извештаите на CBC, ниту, пак, биле наведени изразите коронавирус или шпион. Од CBC изјавиле дека овие тврдења се неосновани.
Теорија на заговор 5: Видеоснимки од медицински сестри во Вухан
Минатата недела во јавноста се појавиле неколку верзии од видеа, кои наводно ги снимила медицинска сестра или лекар од провинцијата Хубеи. Видеото било прикажано повеќе од милион пати на различни социјални мрежи, а го пренесе голем број медиуми.
Корисничка од Кореја, на „Јутјуб“ ја поставила најпопуларната верзија, а видеото содржи титлови на англиски и корејски јазик. Во меѓувреме, истото е отстрането.
Според она што е напишано на англиски, жената тврди дека медицинската сестра се наоѓа во болница во Вухан. Сепак, тоа не се гледа во видеото. Изгледа дека се работи за претпоставки, на оние кои видеото го објавиле на „Јутјуб“. Жената чиј идентитет не е познат носи заштитно одело и се наоѓа на непозната локација.
Сепак, нејзиното одело и маска не се од оние кои ги носат медицинскиот персонал во Вухан. Карантинот кој го наметнале властите ја отежнува потврдата на веродостојноста на снимката. Истата покажува многу неосновани тврдења за вирусот, така што малку е веројатно дека жената е медицинска сестра или лекар.
Во тоа видео, тој тврди дека во Кина се заразени преку 90.000 луѓе, но според официјалните извештаи станува збор за околу 45.000. Исто така со мутацијата на вирусот може да се заразат преку 14.000 луѓе. Преку извештајот од СЗО е објаснето дека една личност може да зарази 1,4, до 2,5 луѓе.
„Не звучи како некој од медициската струка“, изјавил Муи Ксиао, визуелниот уредник на интернет-магазинот „Чајн фајл“.
Локацијата на видеозаписот е непозната, но во истото може да се види една жена која дава свое мислење за вирусот.
„Мислам дека таа верува дека ја говори вистината. Затоа што никој не ја знае вистината“, изјавил Баиуциао, кинески политички активист, кој во моментов се наоѓа во Австралија.
Тој заклучува дека во Кина нема транспарентност, па поради тоа луѓето се во паника и во јавноста се шират разни теории на заговор.
Текстот (Видео) Научниците знаеле за коронавирусот во 2019, пет теории на заговор за опасната болест е превземен од Reporter.mk.