Полицијата во Тајланд ја истражува смртта на манекенка Титим Норанпифат, позната како Бел. Таа е пронајдена мртва во лифт во стамбен комплекс, а случајот се закомплицирал, кога на снимката од безбедносните камери бил забележан маж, за кој се претпоставува дека бил нејзиниот фитнес тренер, како го носи нејзиното тело.
Полицијата засега не сака да дава никакви коментари во јавноста, се додека не ги добијат резултатите од обдукцијата.
„Ги очекуваме резултатите од аутопсијата. Засега ги немаме добиено“, изјавил Сурикит Ситивилај, претставник од полицијата.
Тој само посочил дека на телото на Бел, не биле пронајдени никакви видливи траги од повреди. Таа последен пат била видена како ја носат во влезот на една зграда, а еден час подоцна, безбедносната камера го снимила човекот кој ја внесува во лифт, додека таа беспомошно виси во неговите раце.
Полицијата подоцна го утврдила идентитетот на мажот. Станува збор за Рашадеш Вонгтабутр, манекен и фитнес тренер. Тој ги шерувал снимките со Бел која била во бесвесна состојба, низ социјалните мрежи.
„Не ја дрогирав јас. Самата сакаше“, напишал во коментарот на едно од споделените видеа. Рашадеш кој во меѓувреме ги избришал статусите, е еден од осомничените на полицијата.
Низ интернет кружат скриншотови од напишаните статуси на манекенот. Момчето и родителите на Бел, велат дека приказната на Рашадеш, дека е невистинита. Тие велат дека девојката не патела од ништо и дека не била проблематична. Животот го живеела онака како што сака.
Таа била ѕвезда во подем. Имала преку 73.000 следбеници на „Инстаграм“ и 63.000 на „Фејсбук“.
Полицијата морала да провали во станот на Рашадеш затоа што одбил да отвори и да соработува. На снимката направена во неговиот стан се гледаат само шишиња со алкохол. Полицијата нема излезено со соопштение, а велат дека засега можат само да погодуваат што се има случувано во неговиот стан, тој час додека Бел била со него.
Тамошните медиуми шпекулираат дека Рашадеш бил ангажиран на ист настан како и Бел, но дека таа вечерта се има напиено повеќе од вообичаено. Бел се онесвестила пред да успее да му каже каде живее.
Рашадеш ја однел во својот стан, а по еден час повикал една нејзина пријателка за да ја собере. Тогаш бил снимен како во бесвесна состојба ја внесува во лифт. Наводно манекенот, не знаел дека Бел во тие моменти е мртва.
Текстот (Видео) Манекенка од Тајланд најдена мртва во лифт, Бел починала под мистериозни околности е превземен од Reporter.mk.