На интернет осамна бизарна снимка од триаголест објект, кој се појави на небото на главниот град на Мексико. Многумина твтдат дека ова е апсолутен доказ за постоење на вонземјански живот.
Авторот на видеото оди дотаму, што вели дека на видеото забележливи се бројни летала на НЛО.
Видеото наводно е снимено оваа недела, а на истото забележлива е бела светлина која се движи од десната страна кон лево, пред да забрза и целосно да исчезне. Потоа следи забавена снимка на која се гледа светлина во облик на триаголник. Авторот вели дека веројатно леталото околу себе формира штит.
Видеото го привлече вниманието на познатиот уфолог Скот Воринг.
UFO enthusiast spots triangular orbs above Mexico Cityhttps://t.co/SbhY5bx2SN pic.twitter.com/To8VQlDcxD
— Mirror Weird News (@MirrorWeirdNews) October 9, 2018
„Оваа снимка ја направил истражувачот на НЛО од Австралија, кој во живо го следел преносот од градската камера на Мексико Сити. Познат по својата напорна работа и овој пат уловил неверојатно пирамидално НЛО, кое полусокриено се движело низ облаците“, напишал Воринг на својот блог.
Триаголниот и пирамидален објект зачестено се појавуваат во последните година дена, особено над Северна и централна Америка, но некои уфолози велат дека не станува збор за НЛО, туку за таканаречени триаголни, тајни американски шоионски авиони, познати и како TR-3B. Овој авион е забележан во септември над Сиетл.
Авионот TR-3B официјално не постои, но теоретичарите на заговор сметаат дека тоа е летало за безбедност кое прв пат е испробано за време на Првата заилвска војна на почетокот на 90-те години. Подоцна истото се развива во целосна тајност.
Текстот (Видео) НЛО забележано над Мексико Сити е превземен од Reporter.mk.