Голем број луѓе во Велика Британија веруваат дека покојната принцеза Дијана е погребана во црквата „Света Марија“ во местото Брајтон во Велика Британија. Тие не сакаат да веруваат во официјалната приказна дека Лејди Ди е погребана на остров на имот на нејзините родители.
Теоретичарите на заговор упорно ја одбиваат официјалната верзија, според која Лејди Ди е погребана на островот на имот кој бил во сопственост на нејзините родители за да може семејството да ја сочува приватноста.
Многумина од луѓето ова го посочиле во коментарите што ги оставале во книгата за посетители. Теоретичарите сметаат дека ковчегот со посмртните останки на телото на принцезата тајно во ноќта бил пренесен во црквата.
Како главен доказ, покрај многуте сведоци, тие го посочуваат фактот дека братот на принцезата, Чарлс Ерл од Спенсер, првично имал намера да ја закопа Дајана во оваа црква.
Големо обезбедување имало на местото додека била градена крипта на самиот имот. Во исто време работниците во црквата ископале дупка. Сепак, според официјалната приказна, нејзиниот брат Чарлс се предомислил во последен момент и решил својата сестра да биде погребана на имотот на родителите.
Сега посетителите имаат можност за 20 фунти да го посетат гробот на принцезата Дијана. Локалниот бискуп во црквата „Света Марија“ во Грејт Брајтон потврдил дека во црквата била ископана дупка, но таа била затворена само неколку дена по погребот на Лејди Ди.
Бискупот во тој период не се плашел да зборува дека бил присилен да издаде и официјална посмртница дека принцезата е погребана на имотот на нејзините родители. Денес има илјадници луѓе што велат дека ја почитувале принцезата, но не веруваат дека таа е погребана на имотот на нејзините родители и дека нејзиното вечно почивалиште е во црквата „Света Марија“ во Грејт Брајтон.
Текстот (Видео) Откриен тајниот гроб на принцезата Дијана е превземен од Reporter.mk.