Научниците велат дека аномалии на Земјата има насекаде, но во Русија постои место кое се нарекува Курска магнетна аномалија и секој кој ќе сакал да го поети ова место, може лесно да се загуби.
Името Курска магнетна аномалија е поврзано со необичното однесување на магнетната игла на компасот во близина на Курск (530 километри југозападно од Москва). Инструментите кои работат на истиот принцип како магнетот, ги мешаат југ со исток и север со запад.
Курската магнетна аномалија (КМА) или како уште ја нарекуваат руски Бермудски триаголник е признат и како најголема аномалија на светот, а нејзините чудни својства со години правеле забуна кај научниците. Тие велат дека во кората на земјата има исклучително голема количина на метал.
Таквото нешто може да го надвладее остатокот од масовното магнетно поле на Земјата. Аномалијата се наоѓа во пределот меѓу Курската облас, градот Белгород и Орловска област, места југозападно од Русија во близина на украинската граница. Курската аномалија е откриена во 1773 година, од страна на руски астроном.
Таа не е истражувана се до 1874 година, кога научниците го направиле првиот геомагнетен преглед во тој предел. Тогаш никој не можел да ја разбере природата на оваа аномалија.
Во 1883 година, Н.Д. Пиличков, доцент на Универзитетот во „Харков“, конечно ја открил вистината за Курската аномалија. По десетина опсервации, тој забележал дека има големо присуство на руда со железо. Курската аномалија е огромно подрачје. Таа е поголема од земји како што се Грција, Северна Кореја, Бугарија или Куба.
Научниците откриле дека Курската аномалија располага со повеќе од 30 милијарди тони руда на железо, распоредени на речиси 50.000 квадратни милји. Истражувачите проценуваат дека таа сочинува 50% од сите резерви на руда на железо кои што се наоѓаат на Земјата.
Рударските компании редовно добиваат големи количини на метал од ова џиновска јама. Поради своите исклучителни својства, овој единствен геолошки феномен го добил надимакот „Третиот магнетен пол на Земјата“.
Текстот (Видео) Откриена тајната на рускиот Бермудски триаголник е превземен од Reporter.mk.