Американскиот патент US20060071122A1 за ситем на телепортарција на цело тело, исчезнал на 20 април 2019 година. Ова откритие било дело на Џон Клер на 29 сепмтеври 2004 година.
„Ова откритие е систем кој телепортира човечко суштество низ хиперсверата, од една локација на друга, користејќи пулсирачки, гравитацони бранови, кои патуваат низ хиперсверата“, пишувало во описот на патентот.
На 7 јуни 2015 година, патентот бил пренесен на Луис А. Хекта Ројас, а потоа истиот е напуштен. Многумина теоретичари на заговор велат дека оваа ситуација многу потсетува на она што се случило со изумот на автомобил на вода на Станли Мајер. Автомобилот можел да премине од едниот до другиот крај на САД, со само 80 литри вода.
На Мајер му биле понудени милијарда долари од автомобилската индустрија, но тој ги одбил затоа што сакал овој изум да заврши кај народот. Набрзо потоа, Мајер е отруен. Слично е и со Никола Тесла, кој својот енергетски метод на емитување на струја без жица, сакал да им го пренесе на сите во светот и да им осигура бесплатна енергија.
Финансиерот на Тесла Ј.П. Морган како од луѓето ќе може да им наплати бесплатна енергија, а тој му одговорил дека енергијата е бесплатна и нерегулирана. Од тој ден, изумот на Тесла бил потиснат, а Морган верувал дека оној кој ја контролира енергијата има и моќ.
Кулата на Тесла, која произведувала бесплатна енергија никогаш не била довршена, но неговиот сон за осигурување на бесплатна енергија за сите на Земјата и понатаму живее. Од доцните 1800 години, човештвото требало да користи бесплатна енергија. Од крајот на 1980 години, човекот требало да користи автомобили на воден погон.
Од раните 2000 години, а можеби и многу порано, човекот требало да го користи системот на телепортарција. Можеби еден ден сите овие алатки ќе му станат достапни бесплатно на човекот.
Текстот (Видео) Патент за телепортирање на човекот мистериозно исчезнал е превземен од Reporter.mk.