(Видео) Пентагон објави снимки од НЛО

Пентагон објави видео од неидентификувани летачки објекти и ги потврди инцидентите кои ги забележале во 2004 и 2015 година, се вели во соопштението на Министерството за одбрана, пренесува bostonglobe.

Тоа се видеа снимени од пилотите на морнарицата на САД, кои со години кружат низ социјалните мрежи. Едната снимка е направена во ноември 2004 година, а другата во јануари 2015 година, јавува „Си-ен-ен“.

На снимките се гледа нешто за кое се верува дека е НЛО. Се движи со неверојатно голема брзина и е снимен со инфрацрвена камера. Двете видеа содржат реакции од членовите на американската морнарица, кои исплашено коментираат за тоа колку брзо се движат предметите. Еден од нив вели дека може да биде дрон.

Американската армија објави видео од неидентификувани летачки објекти за да ги потврди инцидентите што се случиле во 2004 и 2015 година, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Тоа се видеа снимени од пилотите на морнарицата на САД, кои со години кружат на социјалните мрежи. Едната снимка е направена во ноември 2004 година, а другата во јануари 2015 година, јавува Си-ен-ен.

На снимките се гледа нешто за кое се верува дека е НЛО. Се движи со неверојатно голема брзина и е снимен со инфрацрвена камера. Двете видеа содржат реакции од членовите на американската морнарица, кои исплашено коментираат за тоа колку брзо се движат предметите. Еден од нив вели дека може да биде дрон.

„Министерството за одбрана ги објави видеоснимките за да го разоткрие погрешното сфаќање во јавноста дали видеата што кружат се реални или не и дали има уште такви видеа. Феномените забележани во воздухот продолжуваат да се карактеризираат како неидентификувани летачки објекти“, рече портпаролката на Пентагон, Сју Гоуг.

Таа изјави дека по детаљниот преглед на снимките е утврдено дека објавувањето на тие досега тајни видеозаписи не откриваат никакви чувствителни информации или системи додавајќи дека тоа нема да ги спречува дополнителните истраги за упадот на НЛО во воздушниот простор на американската војска.

Сепак, објавените видеоснимки не придонесоа да се разјасни мистеријата за постоење вонземјани за кое тврдат теоретичарите на заговор. Можно е дека станува збор за шпионски авиони, што американските аналитичари едноставно не успеале да ги препознаат.

Извор/bostonglobe/cnn

Текстот (Видео) Пентагон објави снимки од НЛО е превземен од Reporter.mk.