Писателот и публицист Дејан Лучиќ вели дека катедралата Нотр Дам, е запалена на идентичен начин како и српската црква во Њујорк и џамијата Ал Акса. Тој вели дека пожарот во верските објекти биле направени организирано од страна на луѓето кои се на светскиот врв во политиката и работат во сенка.
„Оние кои сакаат да предизвикаат конфликти меѓу христијаните и муслиманите. Многу е јасно. Тензиите меѓу муслиманите и христијаните систематски се подгреваат во Европа. Доселувањето на муслиманите од Африка и Азија, допринесува до конфликти меѓу двете религии, а трети лица се смешкаат“, изјавил Лучиќ.
Лучиќ вели дека засега познато е само дека зад „Исламската армија“ стои Хилари Клинтон и „Длабоката држава“, а дека во техничка смисла, парите ги давале „ЦИА“, Катар, Саудиска Арабија, ОАЕ и други.
„Кој го направи исламскиот фундаментализам во Иран, а од Хомеини направија Бабарога, која ги плаши и другите муслимани и христијани. Па владетелите во сенка. Секогаш тие стојат зад сите терористички акции“, изјавил Лучиќ и додал дека тие стојат и зад пожарот направен во катедралата Нотр Дам.
Лучиќ повлекол паралела меѓу палењето на српската црква Свети Сава во Њујорк и Нотр Дам.
„Црквата се запали кога народот излезе надвор. Исто така беше запалена српската црква на Свети Сава во Њујорк. Се запали кога народот излезе. Се запали горното ниво, дрвото гореше“, изјавил Лучиќ во емисијата „Интервју“ која се емитува во телевизиската куќа „Центар“.
Текстот (Видео) Писателот Дејан Лучиќ открива кој стои зад пожарот во Нотр Дам е превземен од Reporter.mk.