Француската подморница „Минерва“, која исчезнала пред повеќе од 50 години, е пронајдена во Медитеранот. Подморницата исчезнала во близина на пристаништето Тулон, во Средоземното Mоре, во 1968 година, при што настрадале 52 лица.
Претходно пропаднале сите напори за подморницата биде пронајдена. Причината за потонувањето до ден денес е непозната.
„Штотуку ја пронајдовме ‘Минерва’. Тоа беше успешна операција, момент на олеснување и демонстрација на техничка способност. Семејството на настраданите долго време чекаа на овој момент“, изјавила министерката Флоренс Парли.
Владата одлучила во 2018 година повторно да ја покрене потрагата за подморницата на барање на семејствата. Остатоците од подморницата се лоцирани во Медитеранот, 45 километри од пристаништето Тулон, на длабочина од 2370 метри.
Подморницата потонала за време на воени вежби, на 27 јануари 1968 година. Целосното тонење се случило за само четири минути, на 30 километри во водите на пристанишето Тулон. Меѓу причините за несреќата се споменува и хаварија, судар со друг брод, експлозија на ракета, торпедо или несреќа настаната во системот за вентилација.
Текстот (Видео) Пронајдена подморница за која се трагало 50 години е превземен од Reporter.mk.