Експертот за воздухопловство на „Си-Ен-Ен“ Џеф Вајз изјавил дека Русија го наредила киднапирањето на летот на „Малезија Ерлајнс“, кој исчезнал од радарите во март 2014 година.
Џеф вели дека киднаперите на крајот преживеале и го ресетирале сателитскиот систем на авионот (SDU), со цел да им попречат на истражителите.
Во својата најнова книга The Taking of the MH370, Џеф тврди дека идентификувал тројца патници кои биле во состојба да го киднапираат авионот. Тројцата биле Руси и успеале да го преживеат падот.
„За мене индикативно е рестартирањето на сателитскиот систем на авионот (SDU) во 18:25 часот. Многу е тешко да се смисли објаснување за тоа. Фактот дека властите задолжени за истрагата одбиваат јавно да го признаат проблемот е исклучително разочарувачки. Заклучокот е дека киднапирањето на MH370 го спровеле високо компетентни луѓе, кои сакале авионот да исчезне и успеале во тоа“, вели Џеф.
Текстот (Видео) Руси го киднапирале малезискиот авион, тврди воздухопловен експерт е превземен од Reporter.mk.