Според холандските обвинители, Русите не го собориле малезискиот авион MH17. Тие објавиле документи во кои е наведено дека авионот бил надвор од дометот на руските ракетните системи 9437М1 Buk M1, кои биле распоредени на различни локаци низ Украина и Русија, пренесува „Итар Тас“.
Холанндскиот новинар Макс ван дер Верф изјавил дка неговиот главен заклучок е дека Холанѓаните имале информации за мобилните позиции на руските ракетни системи за време на конфликтот.
„Оваа информација ја немаме видено претходно. И холандската војска заклучила дека нема информации за какви било ракетни системи од типот „Бук“ во близината“, навел Верф.
Вкупно биле објавени четири документи, а според извештајот за позициите на ракетните системи „Бук“, објавен е и транскрипт од разговорите меѓу германскиот независен новинар Били Сикс и австралиски полицајци. За време на тој разговор, Сикс ги споменал сведоците кои забележале украински борбени авиони на денот на несреќата.
Третиот документ открива дека австралиските експерти, кои работеле на овој случај, ги анализирале фотографиите кои биле преработени. Четвртиот документ претставува транскрипт од разговорот меѓу холандски полицаец и неименуван очевидец, кој изјавил дека видел два украински борбени авиони за време на инцидентот.
Неколку минути подоцна, како што навел сведокот, се слушнала силна експлозија и видел како патничкиот авион паѓа. Авионот „боинг 777“ е соборен над Доњацката област на 17 јули на патот од Амстердам до Кула Лумпур. Во ненсреќата загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои имало државјани од 10 земји.
Текстот (Видео) Русите не го собориле малезискиот авион е превземен од Reporter.mk.