Руската телевизиска мрежа веќе најави дека ќе сними своја верзија на серијата „Черонобил“. Бесни поради неверојатниот успех кој го постигнала серијата на HBO, Русите сега работат на сопствена верзија на настанот, претставувајќи ја најголемата нуклеарна катастрофа во историјата, како заговор на американската ЦИА.
Руската телевизија NTV наводно веќе почнала да ја снима серијата во Белорусија. Од таму соопштиле дека веќе ја проучувале серијата и дека почетното снимање почнало во Белорусија, а го води режисерот Алексеј Мурадов.
Hollywood Reporter известува дека сопственик на телевизијата NTV е Gazprom Media, медиумското крило на гасниот гигант Gasprom, во кој државата е со мнозински акции сопственост. Серијата делумно била финансирана и од руското министерство за култура и тоа со 30 милиони рубљи, односно 460.000 долари.
Датумот на емитување на руската серија засега не е откриен. Единствените детали кои се откриени е дека во серијата, група на КГБ офицери се обидуваат да го откријат агентот на ЦИА кој се наоѓал во електраната во Чернобил поради шпионажа.
Наместо посветена на јуначките „ликвидатори“, кои се жртвувале да ја запрат и санираат нуклеарната контаминација, руската верзија ќе биде еден вид на детективски филм, во кој офицер на КГБ ќе се обиде да го фати американскиот шпион, претставен како негативец во руската трагедија, заклучува новинарот на „Москва Тајмс“.
Текстот (Видео) Саботажа на ЦИА, Русите снимаат своја верзија за Чернобил е превземен од Reporter.mk.