(Видео) Се роди последната слободна генерација

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред да му биде прекината заштитата од амбасадата во Еквадор, во Британија, даде интервју во кое вели дека технолошкиот напредок го менува човештвото.

Асанж изјави дека глобалниот надѕор наскоро ќе биде целосно неизбежен. Во разговорот со новинарите во амбасадата на Еквадор во Лондон, тој вели дека нема контакт со надворешниот свет, освен со неговиот правен тим. Асанж е загрижен за патот и местото кон кое човештвото во иднина се движи.

Вели дека наскоро ќе биде невозможно било кое човечко сушство биде исклучено од глобалната база на податоци кои ги собираат владите и државните ентитети.

„Оваа генерација која сега се роди е последната слободна генерација. Родени сте и веднаш или во рок од година дена вие ќе станете познати глобално. Вашиот идентитет во еден или друг облик, кој доаѓа како резултат на вашите идиотски родители, кои бесплатно ги објавуваат вашето име и фотографии на Фејсбук или ги даваат за апликација за пасош, ќе им биде познат на сите важни светски сили“, вели Асанж.

„Мал број на деца сега во некоја смисла мора да преговараат за својот однос со своите главни светски сили. Тоа не става во поинаква позиција. Многу мал број технички оспособени луѓе ќе можат одвоено да одлучат да живеат одвоено од мрежата, да одлучат да живеат на ваков слободен начин. Тоа смрди малку на тоталитаризам“, додал Асанж.

Способноста и собирањето и обработката на информации за луѓето расте експоненцијално и ќе продолжи да расте уште побрзо. Со напредокот на вештачка интелегенција, големата база на податоци доаѓа како следен логичен чекор.

„Погледнете што „Гугл“ и „Баиду“, „Тенцент“, „Амазон“ и „Фејсбук“ прават. Тие во основа вршат отворена жетва на знаења за човештвото, додека сите ние се изразуваме на социјалните мрежи и кога комуницираме едни со други. Ова е класичен модел на тоа кое луѓето во академската заедница го нарекуваат „надгѕор на капитализмот“.

Текстот (Видео) Се роди последната слободна генерација е превземен од Reporter.mk.