(Видео) Шест теории на заговор што ја одбележаа 2019 година

Било да се работи за слетување на Месечината или нападот на кулите-близначки на 11 септември, теориите на заговор секогаш се популарни во светот. Во последните десет години беа централна тема и во меѓународната политика. Еве само неколку примери:

Исчезнатиот малезиски авион

Исчезнатиот авион со 239 патници на летот NH370 на 8 март 2014 година до ден-денес остана вистинска мистерија. „Боингот“ исчезна од радарите, а од тогаш од Индискиот Океан се извлечени неколку делови. Многубројните потраги не вродија со плод. Многу од семејствата на настраданите не беа задоволни од официјалните извештаи и објаснувања.

Имаше теории дека пилотот намерно го срушил авионот во морето и така сите ги однел во смрт, други теории се ширеа за мистериозен патник кој го киднапирал авионот. Една од најлудите теории говори дека авионот на летот MH370 e истиот оној МH370, кој неколку месеци подоцна се сруши во Украина.

Меланија Трамп има двојничка

Се знае дека не е лесно да се биде прва дама и да се следи сопругот, особено кога станува збор за американскиот претседател. Затоа се појавија голем број наводи дека Меланија Трамп, едноставено во одредени пригоди користи двојничка кога не сака да учествува на некој јавен настан.

Првите такви шпекулации се појавија во 2017 година. Твитерџиите отидоа чекор понатаму споредувајќи нејзини фотографии кои би требало да претставуваат доказ дека не се работи за истата личност.

Багдади е само глумец под контрола на Мосад

Се чини дека озлогласениот лидер на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади, починал веќе неколкупати, а наводно конечната потврда за неговата смрт била оваа година. И покрај тоа, тој остана една од најмистериозните личности на денешницата.

Една од теориите што заживеа на интернет вели дека САД, Израел и Британија ја создадоа Исламската држава за на едно место да ги држат најопасните терористи. Така, Мосад се преправил во извесниот Сајмон Елиот или Багдади, а се појавија и фотографии на кои Џон Мекејн се ракува со него.

Иако бргу се утврдило дека станува збор за фотомонтажа и непроверени шпекулации, животот на Багдади, но и неговата смрт, останаа тема што и понатаму привлекува големо внимание во јавноста.

САД ја создале еболата

Од 2014 година до 2016 година епидемијата на ебола во Африка беше на врвот кога на западот на континентот починаа околу 11.000 луѓе. Недолго по појавувањето, либискиот весник „Дејли обзервер“ наведе дека американската влада ја креирала еболата како биолошко оружје.

Извесниот доктор од Либерија, Сирил Бродерик, тврдел дека во заговорот се вмешани и многу познати здруженија, како „Лекари без граници“ или Светската здравствена организација. Набргу приказната се рашири во светот.

Финска не постои

Кога повторно се прошири теоријата дека Земјата е рамна, на интернет можеа да се забележат коментари дека Австралија не постои и дека нејзините жители, всушност, се глумци. И не само тоа, еден корисник на социјалната мрежа „Редит“ е убеден дека не постои и Финска.

Според неговата налудничава приказна, Јапонија со дозвола на Советскиот Сојуз ја креирала територијата Финска, каде што може да се иде на риболов без никакви рестрикции. Рибата потоа преку СССР била транспортирана до Јапонија. Во целата оваа работа биле вмешани и Обединетите нации.

Џефри Епштај не извршил самоубиство

Повеќето од овие теории главно предизвикуваат смеа, но еден настан од 2019 година бил толку неверојатен како да е дел од некаков трилер. Просто е невозможно навистина тоа да се случи во Америка. Милијардерот и педофил, Џефри Епштајн, наводно извршил самоубиство во својата ќелија во затворот во Њујорк.

За многумина експерти, тоа е невозможно. Набргу клопчето почнало да се одмотува, па светската јавност дознала многу долго чувани тајни. Епштајн водел цела педофилска мрежа, вознемирувал многу девојчиња со децении, а меѓу клиентите му биле многубројни политичари, принцови, милијардери и други припадници на светскиот џет-сет.

Епштајн се дружел и со Бил Клинтон, Доналд Трамп и синот на кралицата Елизабета Втора, принцот Ендру. Оттука, не е чудно тоа што се смета дека Епштајн бил на некој начин замолчен. Аутопсијата покажала дека вратот му бил скршен на неколку места, што може да се случи само со висење, но патологот, кого го најмило семејството на милијардерот, истакна дека повредите повеќе одговараат на давење, односно дека Епштајн бил убиен.

Освен тоа, таа ноќ чуварите не го држеле на око иако затворот важел за крајно обезбеден. Станува збор за крајно невообичаен случај во поновата американска историја.

 

Текстот (Видео) Шест теории на заговор што ја одбележаа 2019 година е превземен од Reporter.mk.