(Видео) Шведски научници открија мистериозен храм на дното на Балтикот

Шведски нуркачки тим во 2011 година на дното на Балтичкото море забележале необичен тркалезен објект со големина на 60 метри. На почетокот објектот изгледал како вселенскиот брод „Милениум“ од филмскиот серијал „Стар ворс“, но научниците до ден денес не се сигурни за што станува збор.

Објектот кој лежи на днотот на Ботнискиот Залив меѓу Шведска и Финска, има два влеза и три забести дела. Објектот се наоѓа на 87 метри длабочина, има зоблени краеви и е во форма на печурка.

Додека некои сметаат дека станува збор за НЛО, други тврдат дека е во прашање потопен бункер од Втората светска војна. Теоретичарите на заговор сметаат дека станува збор за остаток од глечер или за совршена природна геолошка формација.

Оние кои веруваат во теории на НЛО, им оди во прилог трагата која се наоѓа на дното на објектот, долга околу 300 метри. Трагата изгледа како да е направена од брод, кој се движел и во еден момент запрел.

Една од теориите е дека тоа би можел да биде древен храм стар 14.000 години, кој е дел од некоја напредна цивилизација.

„Мојата хипотеза е дека оваа структура настанала за време на ледената доба, пред илјадници години“, изјавил професор на Универзитетот во Стокхлом Волкер Брухерт.

Запрепастувачка била уште една појава. Групата истражувачи позната како „Оушн екс“, доживеала несекојдневна појава за време додека го истражувале мистериозниот објект.Сите електронски уреди престанале да работат.

„Електро-уредите и сателитскиот телефон прекинаа да работат кога се најдовме над објектот. Дека не е случајност, утврдивме откако се оддалечивме од објектот околу 200 метри. Уредите веднаш почнаа да функционираат. Но, повторно прекинаа кога се доближивме до објектот“, вели истражувачот Стефан Хогерборн.

Овој истражувачки тим е длабоко убеден дека пронајдената аномалија на дното на Балиткот не е со природно потекло. Сметаат дека владата ја крие вистината за тоа што всушност претставува овој објект.

„Владата веќе неколку пати не има измамено во врска со пронаоѓањето на овој објект. И да, тие прават се што можат за да не уништат“, велат од тимот „Оушн Екс“.

 

 

 

Текстот (Видео) Шведски научници открија мистериозен храм на дното на Балтикот е превземен од Reporter.mk.