(Видео) Снимени луѓе сенки кои ги плашат обичните минувачи

Сè поголем е бројот на лица кои веруваат и сведочат дека забележале луѓе сенки. Оваа бројка драстично е зголемена во последните дваесетина години, а сега можат да се пронајдат и на интернет-форуми на кои истите тие често ги споделуваат своите искуства.

Иако се споменуваат во голем број култури, дури на почетокот од овој век научниците се обиделе да ги дефинираат луѓето сенки. Една од таквите истражувачи на паранормални појави е Хајди Холис, која ваквите појави ги опишала како злонамерни паранормални ентитети.

Меѓу остантото, таа вели дека забележала дека ваквите луѓе сенки го исфрлиле името на Исус, што укажува на нивното демонско потекло. Сепак, нејзиното тврдење е отфрлено од некои сведоци, кои велат дека луѓет -сенки не напаѓаат, туку само немо ги набљудуваат другите.

Низ овие приказни се појавиле разни интерпретации за тоа што би можеле да претставуваат луѓето сенки и од каде истите доаѓаат. Стивен Вагнер смета дека луѓето во сенка не претставуваат ниту духови, ниту демони, туку проекции на луѓе кои доживуваат вонтелесни искуства.

Тој вели дека можеби станува збор за патници низ времето, жители од други димензии, па дури не ја отфрла можноста за вонземјани. Каква и да е вистината, просечните сведоци  ги опишале овие појави како темна маса, со човечки облик кои изненадно се појавува и брзо се движи низ просторот, па дури и ѕидовите.

Многу просведочиле дека виделе луѓе сенки. Тие носат капи или долги капути и е невозможно да им се види лицето. Понекогаш можеби само црвените очи. Луѓето сенки не комуницираат со оние кои ќе ги посетат. Тие исчезнуваат истиот момент кога ќе забележат дека се забележани.

Сепак, тоа се типични искуства со нив, затоа што постојат и такви сведоци кои тврдат и се колнат дека луѓето сенки понекогаш се обидувале да ги угушат.

 

Текстот (Видео) Снимени луѓе сенки кои ги плашат обичните минувачи е превземен од Reporter.mk.