(Видео) СССР со децении ја криела вистината за исчезната Русинка во вселената

Поранешниот СССР ја крие вистината за исчезнатата руска космонаутка во вселената. За неа се верува дека била првата жена испратена во вселената во 1961 година. На „Јутјуб“ е објавено видео од нејзината последна комуникација со советската вселенска агенција.

„Јутјуб“ видеото е со наслов Final Transmission Of The Lost Russian Cosmonaut.

„Слушајте, слушајте! Дојдете, дојдете, зборувајте со мене! Зборувајте. Жешко ми е, нели е ова опасно? Жешко ми е! Гледам пламен, Жешко ми е. Дали ќе се срушам!“, биле последните нејзини зборови на снимката.

Астронаут не може да биде секој, а личноста која се занимава со оваа работа, мора да има низа на способности и вештини. Но, ниту тоа не е гаранција дека ќе успее да се спаси во вселената, ако настане некаков дефект. Понекогаш мисиите знаат да завршат катастрофално.

Теоретичарите веруваат дека токму таква била мисијата на првата жена астронаутка, која Русите ја испратиле во вселената. Во екот на трката со САД, за тоа кој прв да ја освои вселената, на 12 април 1961 година, Русија успешно во орбитата го испратила својот прв човек, Јуриј Гаргарин.

Набрзо потоа стигнал одговор од САД, со испраќањето на Алан Шепард. Русите во трката се подготвиле да испратат уште еден човек. Овој пат во обид да го срушат рекордот на Гаргарин, пишува The Vintage News.

Советите планирале да ја лансираат својата мисија пред Американците. Мисијата ја направиле на 16 мај 1961 година, кога биле регистрирани 17 кругови околу Земјата. Но, Советскиот сојуз не застанал тука. Тие ја испратиле првата жена. Лансирањето минало во најдобар ред, но кога леталото влегло во атмосферата, настанал дефект.
Никој не знае што точно се случило, но снимките од нејзините последни моменти се застражувачки. Некои сметаат дека истите не се автентични, но според нив очигледно е дека за време на враќањето на Земјата, настанал пожар. Ракетата горела додека се враќала кон земјата со астронаутката во неа.
Три дена по несреќата на 26 мај, 1961 година, Советите објавиле дека вселенското летало се вратило на Земјата. Ракетата целосно изгорела, а телото на астронаутката не можело да го пронајдат. За ова никогаш повеќе не се зборувало. До ден денес, руската влада негира дека се случило вакво нешто.
Голем број заговорници тврдат дека Русите чуваат голем број снимки од изгубени астронаути низ историјата, нешто кое руските власти до ден денес го негираат. Како и во случајот со изгубената астронаутка, тие до ден денес негираат дека некои од посочените луѓе се изгубиле во Вселената.

 

Официјално првото лансирање на ракетата на Месечината, се случило во 1961 година, кога Русите го испратиле Јуриј Гагарин во орбитата. Потоа Американците го испратиле Алан Шепард, а набрзо потоа Советскиот сојуз решил да ја испрати првата жена во вселената Валентина Терешкова.

Терешкова била избрана за мисијата пред сè поради нејзиното огромно искуство во скокање со падобран. До моментот кога тргнала на пат на бродот Восток 6, таа направила 126 скока.

Руските астронаути на враќање на Земјата скокале од вселенскиот брод и се приземјувале со помош на падобран. Терешкова и уште четири жени 18 месеци напорно се подготвувале, а таа била најдобрата кандидатка и најдобро подготвена за оваа мисија. За нешто повеќе од 70 часа успеала да ја обиколили Земјата 48 пати.

Вистина е дека Терешкова имала проблем со ракетата за време на враќањето на Земјата, но сепак на крајот нејзината мисија завршила успешно.

Текстот (Видео) СССР со децении ја криела вистината за исчезната Русинка во вселената е превземен од Reporter.mk.