(Видео) Светски диктатори кои владееле со дражвите како странци

Низ изторијата владееле голем број на диктатори кои го ширеле своето влијание ширум светот. Многумина од нив успеале да ја освојат апсолутната власт во државата во која се немаат родено. Пример е Наполеон Бонапарта, Јосиф Сталин, Адолф Хитлер и Катарина Велика. Тие воспоставиле апсолутна власт во државите во кои биле странци.

Наполеон Бонапарта

Наполеон е роден на островот Корзика како Наполеон ди Бонапарта, само неколку месеци откако Франција го освоила на Медитеранот, од градот Џенова. Младоста ја минал на подрачјето кое го контролирала Франција, а нејзината власт ја доживеал како окупација. Неговиот мајчин јазик бил корзикански, а како момче научил италијански. Кога наполнил девет години, заминал на школување во континенталниот дел на земјата каде го научил францускиот јазик. Го задржал корзиканскиот акцент и често бил на мета на врсниците кои го навредувале.

Дури подоцна и војниците со кои командувал, го исмевале поради неговиот акцент. Кога бил тинејџер сонувал за независна Корзика. Во 1786 година, напишал дека неговите сонародници биле врзани со ланци, а Французите ги обвинил за грабеж и корупција врз народот на Корзика.

Наполеон доживеал трансформација по Француската граѓанска револуција во 1789 година. Со семејството во 1793 година, поради политички конфликт го напуштил островот и им го свртел грбот на корзиканското движење за независност.

„Малиот каплар“ од тој момент се сметал за Французин. Ги прекинал сите врски со своето италијанско потекло и името го променил во Наполеон Боанпарта. Потоа следел подем на младиот војсководец. Во 1799 година, по државниот удар ја превземал власта и го почнал походот ширум Европа.

Адолф Хитлер

Хитлер е роден во мали австриски град во близина на Германија. Како дете патувал многу и врeмето го минал на двете страни од границата. По неуспешните обиди да стане уметник, во 1913 година тој одлучува да ја нападне Австрија. Некои историчари тврдат дека тоа го направил за да го избегне воениот рок во мултиетничките единици на војската во Австро-Угарското Царство.

Хитлер за време на Првата светска војна бил војник на Германија. Подоцна говорел дека секогаш се чувствувал како Германец, никогаш како австриски државјанин. Подоцна се приклучува во политиката и ја основа Националсоцијалистичката германска работничка партија.

По државниот удар во Минхен, завршил на робија. Германците тогаш сакале да го депортираат во татковината, но австриската влада го одбила ваквото барање. Хитлер по излегувањето од затвор требало да ја спречи својата депортација од Германија. Се откажал од австриското државјанство во 1925 година. Следните седум години живеел во земјата без државјанство, а Германец станува во 1932 година, пред кандидатурата за претседателските избори.

Тогаш нацистите ја држеле власта само во градот Брауншвајг, каде биле како дел од коалициската влада. Хитлер таму почнал да работи како државен службеник, па автоматски му било дадено германско државјанство. Во 1933 година, станал германски канцелар.

Јосиф Сталин

Сталин е роден во 1878 година, како Јосиф Висарионович Џугашвили. Токму тогаш последниот дел од неговата татковина Грузија, се спојува со Руското Царство. Јосиф потекнува од сиромашно семејство. Како момче говорел грузиски, а револуционерниот марксизам го прифаќа за време на школувањето во црквено школо. Почнал да учи руски во тинејџерските денови од син на еден локален свештеник. Не го изгубил карактеристичниот акцент, исто како и Наполеон.

Сталин како повеќето млади Грузијци негодувал, затоа што во школите се говорело само на руски. Бил опкружен со грузиска литература, особено приказни за големиот кавкаски разбојник Коби, кој се борел против Русите. Неговиот пријател сведочел дека Сталин го импресионирала борбата за слобода на грузискиот народ.

Набрзо ќе престане да ја поддржува грузиската независност од Русија. Сакал да формира грузиска марксистичка партија, а за да успее во тоа, морал да ги задржи добрите односи со руските болшевци.

Тогаш во целост се врти кон Русија. Во 1912 година себе си си го дава името Сталин, според рускиот збор кој е синоним за челик. Напишал есеј во кој тврди дека Грузијците не се нација. За време на сталиновата чистка, Грузија патела повеќе од која било друга советска република. Илјадници службеници биле убиени, вклучувајќи и 425 од 644 делегати кој учествувале на Десетиот странски конгрес во 1937 година.

Сонародниците на Сталин се нашле меѓу милионите луѓе кои диктаторот ги избркал од деловите на Советскиот сојуз. За време на Втората светска војна, 100.000 Мешкети биле депортирани од Грузија во Средна Азија. Илајдници луѓе умреле за време на патот, пишува „Хистори“.

Во деновите кога чувствувал национална гордост, најпознатиот Грузиец ја поддржувал руската култура и влијание. Говорел дека Русија е најреволуционерната земја на СССР, со изразен социјалистички идентитет.

За време на мандатот наредил учење на руски јазик во сите школи ширум СССР. Русите ги добивале најважните места во државниот апарат, а себе си се споредувал со царевите Иван Грозни и Петар Велики. И покрај злоделата кој ги сторил кон сопствениот народ, дури 45% од Грузијците имаат позитивен став кон Сталин.

Катерина II Велика 

Софија Аугуста Фредерика од Анхалт-Зербста била ќерка на германски принц. Пораснала во Прусија, во местото кое денес му припаѓа на Полска. Во 1741 година, нејзината далечна роднина Јелисавета ја превзема власта во Русија, по направениот државен удар. Нејзината мајка брзо стапува во контакт со новата царица. Јелисавета ја донела 14 годишната Софија во Русија и ја подготвува да биде невеста на нејзиниот внук, наследникот на престолот Петар Руски.

Софија не губела време и многу брзо го научила рускиот јазик. Ја прифатила руската култура, а потоа и православната. Кога тешко се разболела, наместо лутерански пастор, сакала да се исповеда кај православен свештеник. Во 1744 година, и покрај противењето на татко ѝ, таа го напуштила лутеранството и го превземала православието. Ја крстиле и го добила името Катарина (Екатерина на руски), по покојната мајка Јелисавета.

Потоа се венчава со Петар III, чиј брак нема да биде нималку идеален. Кога Петар III ќе застане на престолот од државниот естаблишмент, ќе ги елиминра црковните лидери, војните службеници и аристократијата.

Катарина која се плашела од развод, направила заговор против кралот. Петар III е тргнат од власт, а подоцна и убиен. На престолот доаѓа Катарина, а нејзиното владеење со Русија ќе трае повеќе од 30 години. Ќе остане запаметена како императорката која ги проширила границите на Русија на штета на Полска и Османското царство.

Катарина не била единствената руска царица која се родила надвор од оваа земја. Нејзиниот сопруг Петар III, пораснал во денешна Германија, како и англиските кралеви Џорџ I и Џорџ II. Кралот Вилхелм II Орански детството исто така го минал во Холандија.

 

 

Текстот (Видео) Светски диктатори кои владееле со дражвите како странци е превземен од Reporter.mk.