На островот Шпицберген, кој е оддалечен 290 километри од Северниот пол и кој претставува назападниот дел од архипелагот Свалбард, се наоѓа единствениот објект со безбедносен систем, кој има за цел да го заштити човештвото во случај на апокалипса.
Проектот е финансиран од страна на властите во Норвешка, кој бил предложен од американскиот научник Кери Фовлер. Истиот требало да послужи како модерна верзија на „Ноевата арка“, во случај да дојде до крај на светот. Во моментов австралиските медиуми снимаат документарец за ова градежно издание.
Во таканаречениот „сеф“ на Шпицберген, кој вреди 4,3 милиони евра, се чуваат разни семиња и билки. Тие се чуваат во специјални услови, со цел никогаш да не се уништат, било да дојде до регионална или глобална криза.
„На ова место во моментов нема луѓе, или пак нивниот број е крајно ограничен. Во замрзнатата арктичка пустина на Свалбард, присуството на луѓето е во онакво ниво како што е на Месечината. Бункерот се наоѓа на 100 метри под земјата“, вели доктор Фовлер кој е креатор на ова здание.
Научникот во документарецот вели дека во план има да се сочуваат 90 најразлични светски култури. Овој бункер претставува еден вид полиса за осигурување за извесни видови.
Доктор Фовлер ги презентирал камерите во таканаречениот трезор, додека седел на планината од снег и лед.
„Ова место има историско значење за мене. Ова градежно издание се протега 130 метри под површината“, вели Фовлер и додава дека инспирација да го изгради му биле изумирањата на голем број на видови на Земјата.
„По 11 септември стана јасно дека не постои зграда или област на светот, која може да биде безбедна. Тогаш свативме дека ако не изградиме таква локација, самата од себе нема да се изгради. Знаевме дека мора да биде оддалечена и да се наоѓа на безбедно место, каде ќе можеме да ги сочуваме резервните намирници“, изавил Фовлер осворнувајќи се на предвидувањата на огромните ерупции на вулканите кои ќе се случат во 2020 година, и кои можат да го помрачат Сонцето и да доведат до голема катастрофа.
Овој објект е под заштитата на Нордискиот генетски истражувачки центар.
Текстот (Видео) Тајно засолниште кое треба да го заштити човештвото од апокалипса се наоѓа на пуст остров е превземен од Reporter.mk.