(Видео) Титаник наскоро би можел да исчезне од морското дно

Научникот Џасмин Фок Скели, ги предупредила своите колеги дека најславниот и најголем брод на сите времиња Титаник, за неколку години би можел да исчезне од дното на Атланскиот океан.

Причината како што вели Џасмин е бактерија која може да ги изеде остатоците од бродот до последниот дел. На човекот му биле потребни дури 73 години за да го пронајдат Титаник по несреќата која ја доживеа во 1912 година.

Заслугите за тоа му припаѓаат на Роберт Балард, океанограф од Универзитетот „Роуд Ајленд“, но не е познато дали при пронаоѓањето главната цел била Титаник или две потонати нуклеарни подморници.

На воодушевување на тимот на Балард, Титаник се наоѓал токму меѓу двете подморници, за 3,8 километри под морската површина. Бродот се наоѓал на место кое било целосно под мрак и страшен воден притисок. Но и покрај ваквите услови, Титаник бил прилично добро сочуван.

Само шест години по екипа од канадски научници забележала на бродот наслаѓи од р’ѓа. Кога ги погледнале наслагите под микроскоп, се испоставило дека во наслагите има голем број на бактерии од типот halomonas titanicae; hemosintetske; proteobakteria за која научниците велат дека е најсреќна кога на менито има железо.

Титаник кој се наоѓа на дното на океанот, за овие микроби претставува рај на земјата. За ова научниците предупредиле и во 2011 година, кога на Титаник му прогнозирале уште 20 години живот, пред целосно да исчезне поради овие бактерии.

Џој Закај од Институтот во Греноблу, открил дека адутот на овие бактерии е тоа што ја користат молекулата „етоин“, за да се спротивстават на околината и високите температурни удари со висок осмотски притисок. Ова не се единствените бактерии кои сакаат да се закачат на бродските остатоци на Титаник.

Набрзо по несреќата, бродот бил покриен и со бактеријата biofilm. Оваа бактерија покрај бродовите исто така придонесува за исчезнувањето на Титаник, велат научниците.

 

 

Текстот (Видео) Титаник наскоро би можел да исчезне од морското дно е превземен од Reporter.mk.