Повеќедневен топлотен браг овој месец го погоди северниот врв на Антарктикот. Новите фотографии што ги објави НАСА откриваат дека во овој период петина од снегот се има стопено на островот Игл, кој се наоѓа во рамки на Антарктичкиот Полуостров.
Фотографиите го прикажуваат островот пред и по топлотниот бран, па сега голема површина земја е видлива со голо око. Топењето на ледот создаде и водени езера.
На Антарктикот овој месец забележана е и рекордна температура од 18,2 степени, а во период од четири недели се стопи дури 10 сантиметри снег на Игл, што претставува околу 20% од вкупната сезонска акумулација на снег.
„Никогаш досега немам видено да се формираат езера на Антарктикот за толку кратко време. Тоа можеше да се забележи на Алјаска и на Гренланд, но тука такво нешто е невообичаена појава“, вели Мори Пелто, геолог од колеџот Николс во Масачусетс.
Големата количина вода од Антарктичкиот Полуостров се слива во океанот, а топлотниот брат минатото лето најмногу придо за топење на ледот и зголемување на нивото на морето.
Наглото топење на ледот, дури и за време на летото, е многу ретко на Антарктикот, најстуденото место на Земјата. Деветдневниот топлотен бран е последица на константно високите температури, кои до 21 век не се забележани на овој континент и кои настанале како резултат на глобалниот раст на температурите.
NASA Images Show Dramatic Melting During Antarctica Heat Wave https://t.co/X3CtsUS1UM pic.twitter.com/GzopoEn2CC
— The Weather Channel (@weatherchannel) February 21, 2020
Овој месец високиот притисок над ‘ртот Хорн, кој се наоѓа во чилеанскиот архипелаг Огнена Земја, овозможи собирање и движење на топлиот воздух. Североистокот на Антарктичкиот Полуостров најчесто е заштитен од високите температури поради силните ветрови кои таму дуваат, но тие сега се невообичаено слаби и не можат да го запрат пробојот на топлиот воздух. Ледените карпи на Антарктикот веќе се топат со голема брзина, поради толината која е заробена во атмосферата и настаната поради загадувањето од штетните гасови.
Подигнувањето на нивото на морето ги загрозува милионите луѓе кои живеат покрај крајбрежјата, а Антарктикот содржи доволно лед за да го подигне нивото на океанот за речиси 61 метар. Ова се проценките на Светската метеоролошка организација.
Текстот (Видео) Топлотен бран го топи снежниот континент, научниците предупредуваат на сериозни климатски промени е превземен од Reporter.mk.