Јужниот пол, во вселената и на дното на океанот се трите места каде можете да бидете сосема безбедни од коронавирусот велат научниците. И додека половина и повеќе од светот се наоѓа во карантин, научниците велат дека само овие три места во даваат 100% гаранција од опасниот „Ковид-19“.
Меѓународната вселенска агенција е оддалечена 400 километри од површината на Земјата. Таа е доволно далеку за да го избегне коронавирусот кој го зафати поголемиот дел од светот. Но, и во ваков случај, астронаутите превземаа мерки на претпазливост. Во четвртокот тројца астронаути се упатија од Земјата во вселенската станица.
Пред лансирањето, тие беа држани во строга изолација, за да не го понесат вирусот со себе. Научниците од германската истражувачка станица Nojmajer III, на Антарктикот не мораат да се грижат поради инфекција од коронавирусот. Девет научници во моментов ја минуваат зимата таму и ќе останат отсечени од светот до крајот на октомври, кога ќе ги заменат нови членови.
Дражвите не сакаат да откриваат каде и кога ќе ги лансираат нивните нуклеарни подморници. Но, ако останат долго време во вода, брзо ги трошат залихите кои ги носат. А затоа што често екипажите се поштедени од слушање на лоши вести, за време на мисиите, од психолошки причини, можно е некои и да немаат слушнато за коронавирусот.
Веста за пандемијата наводно поттикнала некои од милијардерите во светот, да се скријат во нивните острови. Планот е едноставен. Ставаат се што имаат во своите суперјахти и да се упатите на островот. Единствно им останува само да почекаат две недели, за да се уверат дека нивниот екипажи и персонал не е заразен со вирусот.
Секој кој е изолиран на остров, пред пандемијата, е безбеден. Барем во теорија. На пример учесниците од германскиот „Голем Брат“, кој се известени дека смртоносниот вирус се проширил за време на снимањето на актуелната серија.
Но, и во овој случај има многу начини за коронавирусот стигне до островот, со оглед на големиот продукциски тим. Во Германија емисијата продолжи да се снима. Во Канада, претходно овој месец, организаторите на емисијата беа приморани да го прекинат снимањето затоа што владата нареди затворање на сите претпријатија кои не мора да работат.
Текстот (Видео) Три места каде можете да бидете безбедни од коронавирусот е превземен од Reporter.mk.