Мајкл Најс, некогашниот телохранител на познатиот рапер Тупак Шакур, објавил видео во кое тврди дека познатиот музичар е жив и дека тој му помогнал да ја лажира неговата смрт. Медиумите пренесуваат дека Најс починал само неколку дена пред да ги објави доказите дека Тупак е жив.
Најкс за кој исто така во минатото се верувало дека е мртов, затоа што и самиот тој вели дека ја лажирал својата смрт, во видеото кое го објавил минатата година во декември, тврди дека Тупак тајно заминал на Купа, а во тоа му помогнал поранешниот претседател на земјата Фидел Кастро, пишува „Мирор“.
Во видео-снимката објавена на „Јутјуб“, Најс објаснува дека тоа го направил затоа што само така можел да ги избегне неговите непријатели.
„Јас сум Мајкл Најс и ја лажирав својата смрт на 18 декември во 2018 година. Денес сум тука и се вратив од мртвите за да ви покажам зошто и како ја лажирав својата смрт. Тоа е нешто што морам да го исправам“, вели тој во видеото.
Говорејќи од непозната локација, Мајкл порачал дека сето ова е шок за оние кои го познаваат, но дека се вратил за да ги објасни и открие работите такви какви што се.
„Признавам дека ја лажирав својата смрт и се срамам од тоа, но тоа мораше да се направи и сега сум тука за да ги објаснам причините зошто тоа го направив“, изјавил Најс.
Мајкл додал дека фактот дека ја лажирал својата смрт е доказ сам по себе дека и на Тупак му помогнал во тоа, затоа што го имал потребното искуство потребно за тоа да го направи и додал дека низ животот примил голем број закани и дека досега веројатно би бил мртов ако не го направел тоа што го направиле со Тупак.
Најс објаснува дека минатата година повикал итна помош и дека кога пристигнале со помош на магичен трик го прекинал пулсот. Лекарите кога го прегледале помислиле дека е мртов. Неговото тело го однеле во мртовечница од каде успеал да побегне.
„Бев во бегство повеќе од година дена и се вратив сега да ја раскажам мојата приказна. Да ги исправам работите и да продолжам со мисијата“, вели Најс во видеото.
Текстот (Видео) Тупак е жив, тврди неговиот поранешен телохранител е превземен од Reporter.mk.